12.8 C
Скопје
02:07 - 31 мај, 2026

Колку е опасен новиот вид на коронавирус кој почна да се шири во Англија?

Во изминатите неколку дена во Англија се откриени повеќе од илјада случаи на зараза со нов вид на коронавирус. Случаите се забележани најмногу во југот на земјата.

„Идентификувавме нова сорта на коронавирус која би можела да е поврзана со брзото ширење на југоистокот во Англија“, рече вчера министерот за здравство Мет Хенкок.

„Првичната анализа сугерира дека тој вид расте побрзо од постоечките. Мораме во овој момент да истакнеме дека засега нема индикации дека оваа сорта предизвикува сериозен облик на болеста, а последните клинички информации покажуваат дека е мала веројатноста мутацијата да не реагира на вакцината“, додаде тој.

Мутација на значаен протеин

Иако британскиот министерот за здравство нагласи дека веројатно не станува збор за опасен вид на ковид-19, научниците сепак, од две причини, внимателно ја следат оваа ситуација, пишува Би-Би-Си.

Првата причина е што овој вид се наоѓа во подрачја каде има поголем број на заразени, што би можел да биде лош знак. Имено, вирусот може да мутира на тој начин при што полесно би се ширел и со тоа предизвикува повеќе инфекции. Експертите сега работат на експерименти во лабораторија за да утврдат дали е тоа случајот.

Друга причина заради што медицинските експерти внимаваат на овој вид е начинот на кој што се создал.

„Има изненадувачки голем број на мутации, повеќе од што очекувавме, а неколку од нив изгледаат многу интересно“, изјавил микробиологот Ник Ломан, кој е дел од тимот кој ја идентификувале оваа сорта.

„Постојат два основни сета мутации, и двете се наоѓаат на клучниот протеин „spike“. Овој протеин е еден вид клуч што вирусот го користи за отклучување на вратите на клетките во нашето тело за потоа да ги нападне. Во мутацијата Н501 променет е најважниот дел на протеинот. Притоа, секоја промена која му го олеснува влезот во клетките на вирусот, најверојатно го забрзува неговото ширење. Ова ми изгледа како важна адаптација“, додаде тој.

„Прерано е да се грижиме за овие нови варијанти“

Ковид-19 постојано прави различни комбинации на мутации за да преживее и за подобро да се шири. Откако се појави пред една година во Кина, месечно поминува две мутации. Кога би го споредиле со видот кој се појави кај првите случаи во Вухан, би виделе околу 25 мутации.

Почетокот на масовната вакцинација ќе изврши дополнителен притисок на вирусот, односно тој, ако сака да опстане, ќе мора значително да се промени за да би можел да ги зарази оние кои се имуни. Ако дојде до таква забрзана еволуција на ковид-19, можеби ќе мора редовно да се менува вакцината, како што е случајот против грипот, за таа да биде ефикасна.

Некои експерти предупредуваат дека е важно да не се шири паника, бидејќи ковид-19 постојано мутира и засега не се евидентирани значајни промени.

Извор: Индекс.хр

Слични објави

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.
Се вчитува....