6.8 C
Скопје
01:04 - 19 октомври, 2026

Лекови, четка за заби, пешкири: Работи што никогаш не треба да ги чувате во бањата

Unsplash

Истражувањата велат дека секој ден поминуваме половина час во бања, каде исто така имаме многу козметика, шминка. и многу предмети кои со години ги чуваме во неа. Но, не треба сè што чуваме во бањата, па дури и некои предмети кои ги користиме секој ден.

Поради влагата и топлина што се шират во бањата го скратува нивниот животен век на следниве производи, пишува на страницата RD.com.

Unsplash
Unsplash

Лекови
Шкафот во бањата не е место за лекови. Лековите и витамините треба да бидат на собна температура од 20 до 25 степени. Ако ги чувате во бања каде е многу влажно и топло, многу е можно нивниот ефект да се намали или да се расипат уште пред датумот на истекување.

Парфеми
Чувањето парфеми во бањата може да има лош ефект врз нивниот состав. Парфемите најдобро се чуваат во шкафовите надвор од бањата.

Unsplash
Unsplash

Крпи
На користените и влажни крпи во бањата треба д аим најдете место надвор од неа. Поради топлината и влагата, во нив се развиваат бактерии, кои потоа ќе ги пренесете на кожата. Би било идеално да се перат крпите по три употреби, под услов да се исушат целосно помеѓу секоја употреба.

Жилети за бричење

Пареата и влагата може да предизвикаат ‘рѓа што може да ја оштети вашата кожа, а може да нанесе и сериозно последици по здравјето. Дури и ако убаво ги исчистите жилетите по употребата, не ги чувајте во бањата бидејќи е можно повторно да фатат ‘рѓа.

Unsplash
Unsplash

Креми за лице
Ако не се цврсто затворени, влагата може да го поттикне растот на бактериите во нив. И секогаш кога ќе се истуширате со топла вода, пареата влијае на нивниот состав. Би било идеално да се чува кремот за лице и другите типови козметика во фиока или на полица надвор од бањата, а по можност во фрижидер, особено во лето.

Накит
Како резултат на влагата во бањата, накитот ќе оксидира порано, ќе го изгуби сјајот и ќе се потемни. Освен чисто злато, вашите омилени парчиња накит се претежно изработени од легури кои различно реагираат на влагата.

Unsplash
Unsplash

Телефон
Не е многу мудро да го користите додека сте во тоалет, ниту додека уживате во бањата. Пеењето под туш е забавно, но нека биде соло изведба, без придружба на телефонот, бидејќи влагата е многу штетна за сите електронски уреди кои не се водоотпорни.

Бањарка
Како и на крпите и пешкирите, бактериите се размножуваат и на бањарките поради топлина и влажност. Наместо да го закачувате во бањата, закачете го на некое суво место.

Unsplash
Unsplash

Четки за заби
Јасно е дека треба да чуваме четки за заби во бањата, но тогаш треба да обрнеме внимание на една многу важна работа. Чувајте ги четките што е можно подалеку од тоалетот или во шкаф кој има врата и се затвора. Инаку, секогаш кога ќе ја пуштите вода, особено ако не го спуштите капакот од тоалетот, бактериите ќе се прошират наоколу, дури и до четката за заби.

Слични објави

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

(Видео) Сузана Турунџиева запеа со младата Дени: „Мојата инспирација Дени и јас го честитаме Светскиот ден на менталното здравје“

Еспресо

(Фото) Дрвени маси и друг мебел од полно дрво достапни по набавни цени во салонот на Wood room во ГТЦ

Еспресо

Направете го ова со радијаторите пред почетокот на грејната сезона — може да ви помогне да заштедите на сметките

К.С.

Радица Таскова стана српски автор: „Лузни што зборуваат“ го продолжува својот книжевен пат во Белград

Еспресо
Се вчитува....