21.6 C
Скопје
00:47 - 1 август, 2026

Кој е одговорен за повеќе од 50 отсто од заболените од ковид-19

Во целиот свет надлежните служби се борат за да дојде до што помало ширењето на вирусот, а станува сѐ појасно дека од голема помош се мерките за заштита, какви што се носењето маска и физичкото растојание и поголем број тестирања.

Изгледа дека последната ставка е особено важна, а според последната студија спроведена во Институтот на Универзитет Јејл, заразените луѓе што немаат симптоми се одговорни за повеќе од 50 отсто од новите случаи на ковид-19.

Резултатите за тивкото ширење на болеста велат дека луѓето во фаза без симптоми или асимптоматичните се одговорни во спомнатиот процент за ширење на инфекцијата, објаснуваат авторите на студијата. Асимптоматските пациенти во одреден момент и ги добиваат, додека кај другата група не мора да се развијат јасни симптоми на болеста.

Студијата е направена врз потребниот модел што ќе им помогне на научниците полесно да ги утврдат најдобрите методи за спречување на ширењето на вирусот. Бидејќи повеќето случаи можат да се припишат токму на пренесувањето од луѓе што сè уште не развиле симптоми, авторите додаваат дека дури и да бидат сите тие откриени, вирусот и понатаму ќе продолжи да се шири.
Оваа студија само потврди дека има многу од оние што не знаат дека се заразени и заразни, а токму тоа е голем проблем, затоа што таквите пациенти нема да ги следат советите за дистанцирање, што значи дека тие можат многу лесно да го шират вирусот понатаму.

Авторите на студијата сугерираат повеќекратно тестирање и следење на контактите за да може да се контролира болеста.

Ова се местата на кои вирусот може забрзано да се шири:

1. РОДЕНДЕНСКИ ПРОСЛАВИ

Иако сите многу ги сакаме, не е време за нивно одржување. Иако забраните попуштија, многумина одлучуваат на организирање разни прослави и собири, но во таквото размислување се кријат и замки.

2. ВЕНЧАВКИ

Многу парови се во непријатна ситуација затоа што на почетокот ваквите собири беа забранети, но сега свесни за тоа што може да се случи, претпочитаат да го одложат овој голем настан. Во секој случај, тоа е и попаметно, затоа што таквите собири можат да значат многу заразени.

3. ПОГРЕБИ

Знаеме колку е тешко да се нема можност да се збогуваме со саканите, но, за жал, дури и на погреб вирусот лесно може да се шири ако присуствуваат луѓе што не знаат дека се носители на вирусот.

4. РЕЛИГИОЗНИ РИТУАЛИ

Иако многумина сметаат дека ваквите ритуали се задолжителни, огромен број случаи на заразени се појавија токму во тие моменти и отпосле.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....