11:39 - 12 ноември, 2026

Бруклин Бекам ја запросил Никол со дијамантски прстен вреден вртоглави 200.000 долари (ФОТО)

Бруклин Бекам и Никола Пелц ја изненадија јавноста со објавување на веридбата по само девет месеци врска, а сега покажаа како изгледа прстенот вретен вртоглави 200 илјади долари, со кој Бруклин ја запросил Никола.

25-годишната глумица на Инстаграм го покажа блескавиот дијамантски прстен кој навистина е тешко да не се забележи, а кого го краси камен од, како што се претпоставува, 4,5 до 5 карати.

EPA/CHRISTOPHER JUE

„Убавината и прецизноста се главна одлика на вереничкиот прстен со смарагд. Долгите линии на резот му даваат на каменот елегантен и префинет изглед. Би проценила дека вредноста се движи меѓу 150 и 200 илјади долари. Ваков безвременски стил е омилен меѓу познатите, обожаваат да го носат Џенифер Лопез, Амал Клуни и Џенифер Лоренс. И мајката на Бруклин, Викторија исто така сака да го носи“, изјавила за Дејли мејл експертката Шанон Делани Рон.

Во јавноста веќе се појавија и детали за претстојната венчавка која би требало да се одржи следната година и која би требало да чини дури 4 милиони британски фунти.

Таткото на Никола, 78-годишниот милијардер Нелсон Пелц, наводно веќе платил дел од трошоците, но свој придонес сакаат да дадат и Викторија и Дејвид Бекам.

EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

 

Замислено е да се одржат две церемонии – во Велика Британија и на Флорида.

„Сите се воодушевени и пресреќни поради нив. Бруклин секогаш бил близок со своите баби и дедовци кои се во брак веќе 70 години и тоа го посакува и за себе“, изјавил извор близок на Бекамови за магазинот „Сан“.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....