5.8 C
Скопје
00:33 - 17 март, 2026

КАФЕТО МОЖЕ ДА ВИ ГО ПРОДОЛЖИ ЖИВОТОТ: Во просек за девет години, но кое кафе и дали со млеко и шеќер или без?

Консумирањето кафе има многу придобивки. Покрај тоа што е добро за црниот дроб, новото истражување покажа дека може да го продолжи и животот.

Истражувачите од корејскиот Универзитет Чунг-Анг, во соработка со Центарот за контрола и превенција на болести, го спроведоа истражувањето, објавено во најновиот број на списанието „Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics“.

Тие погледнаа конкретно на нивната популација, а целта на студијата беше подобро да се разбере врската помеѓу потрошувачката на кафе, неговите здравствени придобивки и влијанието врз смртноста.

Во студијата учествувале 110.920 лица постари од 40 години на кои не им е дијагностициран дијабетес, карцином или кардиоваскуларни заболувања.

Истражувачите го следеле дневниот внес на кафе и смртноста на учесниците во просек за девет години.

Резултатите од студијата посочија дека ризикот од рана смрт паднал за 21 процент кај учесниците кои пиеле повеќе од три шолји кафе на ден, пишува „Eat This Not That“.

„Кафето е значително поврзано со намалување на инциденцата на кардиоваскуларни болести. Една чаша на ден е поврзана со 42 проценти намалување на бројот на смртни случаи поврзани со срцеви заболувања“, заклучува студијата.

Истражувачите додадоа дека придобивките се исти кога станува збор за инстант кафе, дури и ако го пиете со млеко и шеќер.

Слични објави

Ако пролетните алергии и за вас се ноќна мора, еве како да си помогнете

Еспресо

Како да ја ублажите силната главоболка?

Еспресо

Една чаша пред спиење ја елиминира можноста од срцев удар – Кога и колку вода да пиете за организмот да ви функционира совршено

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Воспаление на слепо црево – симптоми и дијагностика

Еспресо

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо
Се вчитува....