21.8 C
Скопје
15:25 - 22 октомври, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) ТОМ ХЕНКС – СУДБИНСКИ ГОСТИН: Актерот изненадил пар на нивната свадба

Дициембре и Ташија Фарис ја правеа венчавката на плажа во Санта Моника за време на викендот. На настанот присуствуваа нивните семејства и едно-годишниот син, а покрај нив им дојде неповикан гостин – актерот Том Хенкс.

Тој ја гледал венчавката и им пристапил да им каже дека многу му се допаѓаат и да се слика со нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PopCulture (@popculture)

– Толку бевме внесени во моментот што ни требаше време да сфатиме што се случува. Беше јаготка на шлагот – изјави Дициембре, една од невестите за странските медиуми.

Новопочените брачни другарки споделија со јавноста дека познатиот Хенкс останал со нив неколку минути и позирал за фотографии и им порачал да си кажуваат „убави работи“ и „да ја одржуваат љубовта во живот“.

– Нашата венчавка веќе беше остварување на сон за мене,  рече Дициембре. Конечно да се венчам со неа , ова беше нашиот ден.  Сите што ги сакаме беа таму и одеднаш се појави Том Хенкс! Од сите денови, од сите луѓе, денес прошета на плажа. Судбина е.

Ние сме две жени – да, 2021 година е, но за жал сè уште не е прифатено насекаде. Но, тој како да не го ни виде тоа – рече невестата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Turi Chamoy ☄️ (@turichamoy)

Присуството на Том уште повеќе личеше на судбина кога тој ја забележал фотографија од покојниот брат на Дициембре, кој почина во 2017 година. Кога ѝ кажале на ѕвездата повеќе за покојниот брат, Том откри дека го делел истиот роденден како покојникот.

– Тој не беше на свадбата, но доаѓањето на Том Хенкс беше негов начин да каже дека е тука, рече таа зборувајќи со помен за брат ѝ.

Самиот Том Хенкс е во среќен брак со Рита Вилсон од 1988 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rita Wilson (@ritawilson)

Слични објави

Јаков Јозиновиќ отворено за восхитувањето кон Чолиќ и Мерлин и за познанството со Џејла Рамовиќ: „Таа прва ми пријде“

Е.А.

Познатата хрватска водителка доживеа сообраќајна несреќа, шест автомобили учествувале во судирот

apostolova

„Среќен роденден на небото, мамо“: Маја Вукичевиќ со емотивна посвета за починатата мајка

Еспресо

„Свирете ја Зајди, зајди“ – песната со која Олгица Христовска ги освои срцата на публиката

Т.Ц.

Емотивна исповед на Марија Шерифовиќ од Бали: „Ова патување ми покажа дека сè за што трчам веќе ме чека дома“

Е.А.

(Фото) Хрватската актерка Миа Беговиќ се огласи по свадбата на нејзината внука Лана: „Ве прегрнувам со гордост, во име на Ена и мое“

Еспресо
Се вчитува....