07:07 - 28 ноември, 2026

КАФЕТО го ПРОДОЛЖУВА ЖИВОТОТ: Колку шолји пиете на ден?

Консумирањето кафе има многу придобивки. Покрај тоа што е добро за црниот дроб, новото истражување покажа дека може да го продолжи и животот.

Истражувачите од корејскиот Универзитет Чунг-Анг, во соработка со Центарот за контрола и превенција на болести, го спроведоа истражувањето, објавено во најновиот број на списанието „Journal of the Academy of Nutrition and Dietetics“.

Тие погледнаа конкретно на нивната популација, а целта на студијата беше подобро да се разбере врската помеѓу потрошувачката на кафе, неговите здравствени придобивки и влијанието врз смртноста.

Во студијата учествувале 110.920 лица постари од 40 години на кои не им е дијагностициран дијабетес, карцином или кардиоваскуларни заболувања.

Истражувачите го следеле дневниот внес на кафе и смртноста на учесниците во просек за девет години.

Резултатите од студијата посочија дека ризикот од рана смрт паднал за 21 процент кај учесниците кои пиеле повеќе од три шолји кафе на ден, пишува „Eat This Not That“.

„Кафето е значително поврзано со намалување на инциденцата на кардиоваскуларни болести. Една чаша на ден е поврзана со 42 проценти намалување на бројот на смртни случаи поврзани со срцеви заболувања“, заклучува студијата.

Истражувачите додадоа дека придобивките се исти кога станува збор за инстант кафе, дури и ако го пиете со млеко и шеќер.

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....