1.8 C
Скопје
09:41 - 19 февруари, 2026

Функционира ли женската „вијагра“?

Приказната за женската вијагра предизвика големи контроверзии во светот. 

Што е „Адији“

Во 2015 година, Агенцијата за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот лек за лекување на ниска сексуална желба кај жени во предменопауза. Се покажа дека Флибансерин (Адији) ја зголемува сексуалната желба влијаејќи на хемиските процеси во мозокот, а резултатите се очекуваат по три недели земање по една таблета дневно.

Иако се вика „женска вијагра“, таа функционира на сосема поинаков начин. Вијаграта го зголемува протокот на крв во машкиот полов орган и на тој начин овозможува постигнување ерекција. Адији влијае на женскиот мозок, за да го стимулира сексуалниот нагон.

Фото: Архива

Дали е ефикасен

За жал, Адији не се покажа како чудотворен лек. Голем број жени кои го користеле не забележале подобрување по еден месец активна употреба.

Адији го користеле само жени во менопауза и само во Америка каде што било дозволено.

Друга опција е „Вајлеси“

Овој лек е исто така одобрен од ФДА. За разлика од Флибансерин, кој мора да се зема секој ден, Вајлеси се зема само кога е потребно, 45 минути пред сексуалната активност. Се инјектира во телото, за разлика од гореспоменатите таблети.

Несакани ефекти

Најчестиот несакан ефект на овој лек е гадење, кое го доживуваат 40% од корисниците. Други несакани ефекти вклучуваат црвенило, реакции на местото на инјектирање, главоболка, повраќање, кашлица, замор и топли бранови.

Дали Вајлеси е ефикасен

Придобивките од оваа инјекција се исто така мали. Во клиничките испитувања, жените кои ја примиле инекцијата чувствувале едвај забележлив напредок во споредба со жените кои земале плацебо.

Фото: Архива

Други можни опции

Женската сексуална желба е исклучително сложена тема, и со толку малку опции за лекување, жените можат да се чувствуваат како да нема надеж. Меѓутоа, она што може да влијае на зголемувањето на сексуалната желба се откажувањето од пушење и физичката активност.

Понекогаш ниската сексуална желба може да биде несакан ефект на лекови, а исто така може да биде поврзана со проблеми со менталното здравје, како што е депресијата, така што секогаш е добра идеја да се консултирате со вашиот лекар.

 

Слични објави

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.
Се вчитува....