11.8 C
Скопје
21:10 - 19 април, 2024

СЕВЕ ПРОЗБОРЕ ЗА РАЗВОДОТ: Секоја разделба е тешка, на Игор му посакувам среќа!

„Игор е прекрасен партнер, поддршка, беше со мене во најтешкиот период од мојот живот и му ја посакувам сета среќа на овој свет. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за „млатење“. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување на глупости и непроверени трачеви, вели Северина и порача: „Мене мојот живот не можете да ми го уништите, но за вашиот се уште имате шанса да го поправите“, изјавила Северина за Индекс.хр

Врската на Северина и Игор на почетокот беше како од бајките. Прекрасна свадба, многу љубов и разбирање, прекрасни дружења со семејството на Игор, чиј татко е Драган Којиќ – Ќеба, музичар и пејач, колега на Северина кој беше особено горд што хрватската пејачка е негова снаа.
instagram

Игор Којиќ беше покрај пејачката во нејзините најтешки моменти кога се бореше за старателството над нејзиниот син Александар, но очигледно љубовта не беше доволна.

Двојката беше во брак шест години, а пред повеќе од една година се појавија гласини за распадот на нивниот брак. Сомнежите дополнително се разгореа кога неодамна престанаа да се следат еден со друг на социјалните мрежи.

Во април минатата година, Северина се врати во Загреб, а Игор остана во Белград. Оттогаш не се видени заедно во јавноста. Српските медиуми претходно пишуваа дека Северина се расправала со свекорот и свекрвата додека била во карантин во нивниот дом во Белград и дека не се во добри односи.

Инаку, пејачката и Којиќ се венчаа на 25 септември 2015 година во Бијела, Истра во кругот на најблиските пријатели и семејство. Два месеци подоцна, следеше граѓански брак во Белград пред околу 600 гости, и тие ја крунисаа својата љубов на патување во Африка.

Двојката ја прослави петгодишнината од нивната свадба во Белград минатиот ноември, но немаше честитки на социјалните мрежи, како што објавија претходните години. Последната официјална фотографија што Северина ја објави со Игор е од 2 февруари 2020 година, на патувањето во Риека за спектаклот за главниот град на културата.

Бракот со Игор Којиќ, на Северина и беше втор брак по разводот со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, со кого има син и со кого се уште се суди за старателство.

instagram

Деновиве Северина е на одмор во хотел во близина на Задар, од каде пејачката објавува прекрасни фотографии. Игор е помалку активен на социјалните мрежи

Слични објави

„Ги преминува границите“: Марија Шерифовиќ проговори за грижата на својот син, а поради него имала расправија со мајка си

Еспресо

Ограбена Сандра Африка! Пејачката доживеала хорор на бензинска пумпа во Словенија

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Неда Украден: Пејачката сподели убава вест и испрати емотивни зборови до најважната личност во нејзиниот живот

Еспресо

(Фото) Мина Наумовиќ покажа колку ужива во мајчинството: Објави селфи што го одзема здивот

Еспресо

(Фото) Доживела страв и ужас: Ива Гргуриќ се огласи од Дубаи по страшните поплави

Еспресо

Од Клиника „Жан Митрев“: Усвојувањето нови знаења е секогаш предизвик, но и возбудливо искуство

еспресо
Се вчитува....