23.8 C
Скопје
14:44 - 30 септември, 2026

И премногу вода не е добро: Не претерувајте со количината, бубрезите не можат да работат толку брзо!

Ретко се случува, но и прекумерното пиење вода за кратко време, обилното и брзо консумирање (хиперхидратација) не е добро, бидејќи доведува до нерамнотежа на електролитите во телесните течности, што предизвикува пречки. Освен тоа, бубрегот има свој капацитет да излачува течности преку урината, се проценува на околу 1 литар на час, и ако приливот на вода е поголем од неговиот капацитет, бубрегот не е во можност да го надомести тоа.
Првите симптоми дека во телото има многу повеќе вода од потребната количина се главоболка, гадење, грчеви. Се појавува и отежнато дишењето во лежечка положба поради наталожените течности во белите дробови (состојбата се подобрува во седечка положба), главоболка, повраќање, конвулзии, зголемен крвен притисок, отечени раце и нозе… Во најтешките случаи, се јавува губење на свеста, кома и смрт.
Лекувањето се спроведува со ограничување на внесувањето вода, давање електролити, концентриран раствор на гликоза со кој, ако е потребно, и инсулин. Во секој случај, во сè, па дури и во пиењето вода, мора да бидеме умерени и да го слушаме организмот дали ни дава чувство на жед или не, да не го потиснуваме чувството на жед, туку да го задоволиме со навремено внесување на течности.

Колку вода треба да испиеме?

Човечкото тело се состои во просек од 65 до 70 отсто вода, но со возраста тоа полека се намалува. За да бидете здрави и да се чувствувате добро, неопходно е да се одржува тоа ниво, односно да внесувате доволно течност во организмот, но не премногу.
Потребите за вода зависат од количината на внесена храна и телесната тежина, возраста и физичката активност. Дневно, во умерена клима, во просек се препорачува да пиете 0,3 дл вода на килограм телесна тежина.
Пример: Лицето кое тежи 50 кг, треба да пие дневно 1,5 л, а лицето кое има 75 кг треба да пие 2,25 л (0,3 дл вода x 75 кг) вода на ден.

Слични објави

„Сепак ништо од тужбата“: Јелена Радановиќ проговори за скандалот со Ана Николиќ и откри како заврши сè

Е.А.

„Ја изневерив сопругата со Злата Петровиќ“: Познатиот хармоникаш шокираше со признанието за аферата

Е.А.

(Фото) Се омажи Сара Маркоска — некогаш беше најнадежната македонска пејачка, а денес живее бајка со саканиот Ричард

Еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша во мини фустан низ Милано со 25 години помладиот Александар, со нив се и нејзините ќерки

Еспресо

(Фото) Ноне Неделковска наполни 40 години — роденденот го прослави со торта и тренинг во фитнес сала

Еспресо

(Фото) Вистинска домаќинка – Ѓина Џиновиќ се пофали со своите вештини во кујната

Еспресо
Се вчитува....