01:32 - 9 април, 2026

ДОИЛКИ И КОВИД: Дали да го доите вашето бебе доколку сте заразени со вирусот?

Со ширењето на коронавирусот прашањето кое сите мајки моментално кои ги дојат своите деца си го поставуваат е – Дали можат да му го пренесат коронавирусот на бебето преку млекото и дали мајката која е заразена со вирусот ковид – 19 може да го зарази бебето преку доењето?

Прво и основно е дека коронавирусот не ги погаѓа децата на толку сериозен начин на кој ги погаѓа сите возрасни посебно оние со здравствени компликации.

Засега нема докази дека овој вирус може да се пренесе од мајката на бебето додека плодот сè уште се развива во стомакот.

Ова сугерира и дека вирусот не може да предизвика никакви абнормалности кај бебето – истакнува Денис Џемјсон, шеф на катедра за гинекологија на медицинскиот универзитет во Велика Британија.

На мајките заразени од вирусот им е дозволено да бидат со своите бебиња по породувањето и да имаат многу важен контакт кожа на кожа со нив.

На почетокот на пандемијата во Кина мајките се советуваа 14 дена да бидат одделени од бебињата, тоа на крај се покажа како погрешен совет, бидејќи има негативни последици на доењето и на поврзувањето на мајката со бебето.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....