30.8 C
Скопје
14:13 - 4 јули, 2026

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

Марија Шерифовиќ сподели редок, интимен момент од своето патување на Бали, откривајќи дел од својата лична приказна и внатрешни промени низ кои минувала.

Пејачката на Инстаграм објави видео на кое, опуштена и во добро расположение, пее со луѓе што во тој момент биле околу неа. Иако ретко споделува вакви приватни содржини, овој пат, како што вели, почувствувала потреба тоа да го направи.

„Не сакам да споделувам приватни видеа. Сепак, ова е посебно. Постојат моменти кои не припаѓаат на јавноста, туку на душата, но овој почувствував дека треба да го споделам. Вања – нè лекува, а најмалку што можам е на свој начин да возвратам и да ја допрам нејзината душа. Она што е посебно за мене во ова видео не е песната, туку моментот во кој ја пеев. Овде на Бали, меѓу луѓе кои не ги познавав, повторно и без најава се случи средба. Средба со самата себе“, напиша таа.

Бали, каде што веќе неколкупати престојувала, за Шерифовиќ претставува место на мир и лична рефлексија. На ова патување со неа била и Вања, личност со која, судејќи по објавите, има блиска врска.

Во продолжение, пејачката откри дека токму во овој период направила важен личен чекор – поставување граници.

„Можеби токму тогаш првпат јасно почувствував дека дојде моментот да си кажам ‘не’. Не на сè што ме оддалечува од мене, не на сè што ги прескокнува моите потреби, моите граници и моето битие. А всушност, ова не е само моја приказна – ова е порака за сите нас. Знаејќи колку е краток животот, важно е да застанеме, да забавиме, да видиме, да се вкорениме, да чувствуваме, да набљудуваме, да слушаме и да сакаме. Себеси и сè околу нас.“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Serifovic (@serifovic)

Освен за духовниот баланс, Шерифовиќ неодамна зборуваше и за својот однос кон парите, нагласувајќи дека за неа тие не се пресудни за среќата.

„Денес можам да јадам паштета, утре можам да јадам бифтек. Кога имам, имаат сите околу мене, на сите им е убаво. Кога немаме, јадеме што имаме. Тоа е многу едноставна филозофија, тука нема комплекси и фрустрации“, изјави таа.

Во еден поопуштен тон, сподели и анегдота од патувањата:

„Често патувам преку океан, летам бизнис-класа и таму можеш да јадеш кавијар, шампањ… а знаеш дека јас си носам паштета?!“

Кога станува збор за мајчинството, пејачката призна дека изминатиот период бил интензивен, но и исполнет.

„Беше тешко затоа што Марио се роди во декември 2023 година, а јас во октомври издадов албум и на 8 март 2024 тргнав на турнеја. Токму поради тоа, од минатата година одмарам, сум само со него, не ме интересира никој и ништо – одиме, се сончаме, ги гледаме изгрејсонцата и зајдисонцата и апсолутно ништо друго не нè интересира. Во некој момент ќе се потрудам можеби оваа или следната година да ѝ понудам на публиката нови песни, нов албум. Не знам кога ќе биде тоа, но сега и во овој момент времето е само за него“, истакна Шерифовиќ.

 

Слични објави

Освежителна пита со праски без печење што буди носталгија за детството

Т.Ц.

„Маестро, ти симнувам капа“: Нина Бадриќ со порака од срце за Лука Модриќ

Т.Ц.

„Поевтино ми беше да чекам да помине бурата отколку да се правдам“: Вака зборуваше Владо Јаневски

Еспресо

Хаос околу разводот на Ана Ивановиќ и Швајнштајгер — германските медиуми откриваат што се случува зад затворени врати

Еспресо

Кики Мукаетова проговори дека била жртва на врсничко насилство: „Ниту едно дете не заслужува исплашено да излегува од дома“

Еспресо

Шпанија ја посетиле рекордни 10 милиони туристи во мај, потрошиле 13,5 милијарди евра!

Еспресо
Се вчитува....