17.6 C
Скопје
02:42 - 11 јули, 2026

Додатоци во исхраната – кои комбинации да се избегнуваат, а кои се пожелни?

витамини

Додатоците во исхраната можат да ни помогнат да ги внесеме сите потребни хранливи материи ако нашата исхрана не е доволно разновидна. Но, додатоците во исхраната не се и не треба да бидат замена за урамнотежната исхрана. Прво треба со исхраната да се обидеме да ги задоволиме сите наши потреби, а дури потоа да посегнеме по додатоците. Пред да посегнете по додатоците во исхраната, обидете се да ја подобрите вашата исхрана.

Нутриционистите ни откриваат како сумплементите во исхраната можат да се комбинираат и зошто ни се потребни.
Хранливите материи се најмоќни кога доаѓаат од храната, но покрај исхраната можете да користите и суплементи.

Еве некои од најпознатите интеракции помеѓу одредени хранливи материи:
Витаминот Б12 и фолатите работат заедно за да поддржат некои од најважните процеси на клеточната делба и репликацијата. Тие исто така заедно го метаболизираат хомоцистеинот. Фолната киселина, односно нејзиниот дополнителен внес, може да го маскираат недостатокот на витамин Б12.
Витамините растворливи во масти (А, Д, Е и К), веројатно подобро ќе се апсорбираат ако се земаат заедно со оброкот што содржи масти. Меѓутоа, доказите сугерираат дека умерени до големи дози на витамини растворливи во масти ја намалуваат апсорпцијата на другите витамини растворливи во маснотии – за околу 10 до 50 отсто – поради конкуренцијата. Се чини дека апсорпцијата на витамин К е особено намалена од другите витамини растворливи во масти, додека апсорпцијата на витамин А е најмалку погодена и тој витамин, всушност, може подобро да се апсорбира ако се користи со витаминот Е. Земањето на витамините Д, Е или К неколку часа пред или после другите витамини растворливи во масти, ја зголемува нивната апсорпција.
Кога се земаат истовремено, витаминот Ц ја зголемува апсорпцијата на железото.
Истражувањата покажуваат дека недостатокот на железо може дополнително да ги влоши симптомите на недостатокот на јод.
Додатоците со калиум во исхраната, во форма на калиум хлорид, може да ја намалат апсорпцијата на витаминот Б12. Од друга страна, лекувањето на мегалобластна анемија со витамин Б12 може да резултира со хипокалемија.

 

Слични објави

(Фото) Сека Алексиќ позираше во тесни хеланки и кратка маичка – пејачката ослабе, се пофали со својата трансформација

Еспресо

(Фото) Ена Чолиќ во жешко издание – позираше во минијатурно бикини на плажите во Грција

Еспресо

(Фото) „Те сакаме бескрајно“: Ана Севиќ и Дарко Лазиќ го прославуваат роденденот на ќерката Лорена

Еспресо

Ретка приказна за Кире Костов објавена три години по неговото заминување

Еспресо

(Фото) Братот на Новак Ѓоковиќ по 7 месеци се огласи од Шпанија: Цврсто ја прегрнал сопругата, па испрати порака што збуни многумина

Еспресо

Совршен подарок: Мали уметнички дела од восок – креации што го разубавуваат секој простор

Еспресо
Се вчитува....