9.8 C
Скопје
12:07 - 18 декември, 2024

ДИЕТАТА НА МАРКО КОН – Ослабел 36 килограми „За појадок СВИНСКИ ВРАТ, за ручек СВИНСКИ ВРАТ, а за вечера… Погодете? Да, СВИНСКИ ВРАТ!“

Српскиот композитор, музички продуцент и пејач Марко Кон за 100 дена ослабел 36 килограми, а неговата диета на секој кој има проблем со килограмите би му се допаднала, бидејќи тој уживал во навистина вкусни намирници.

Тој вели дека бил исклучително слабо дете кога тргнал на училиште, но почнал да ја зголемува својата тежина кога бил во 6-то одделение. Тој вели дека најтежок досега во животот бил на настапот на Евровизија во 2009 година во Москва, за кога вели дека имал 149 килограми и 800 грама.

profimedia

Тој целиот свој живот го поминал на диети, но ниту една не била толку успешна. Тој вели дека досега за него најдрага диета, а воедно и диета со која најмногу ослабнал, односно 36 килограми била, како што вели тој, „Dirty Keto“ диетата.

Тајната во диетата на Марко се криела во една намирница. МЕСОТО. Тој вели дека појадувал, ручал и вечерал месо, без ништо друго. На почетокот започнал со пилешко месо, но подоцна започнал со помасните меса. Како што вели, појадувал три-четири шницли свински врат посолени и забиберени, за ручек три-четири шницли врат посолени и забиберени и за вечера повторно свински врат, посолен и забиберен. Нормално видот на местото се менувал. Пиел околу 3-4 литри вода на ден, понекогаш и пет.

profimedia

Првите три дена му биле прилично критични, но потоа се навикнал. Тој ја држел диетата точно сто дена, а за тие 100 дена ослабил 36 килограми. Сето тоа го направил поради неговата девојка, сегашната сопруга Милица, која му кажала дека за сликите на свадба треба да изгледаат убаво.

profimedia

Кето исхраната е начин на исхрана кој во праксата се покажал како ефикасен третман за слабеењe. Тоа е диета богата со протеини и масти, а сиромашна со јаглехидрати.

Сепак, Марко Кон советува дека никој не треба да држи диета за да изгледа убаво, туку за да биде здрав.

Слични објави

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Кератоконус – оштетување на рожницата

Еспресо

Ласерска корекција на диоптрија во Европска очна болница: Враќање на видот со прецизност и експертиза

Еспресо

(Видео) Новости од Клиника „Жан Митрев“: Изведена прва неврохируршка операција со микроскоп

Еспресо

Маја Алексовска ембриолог во болницата „Санте Плус“: Лекувањето на неплодноста е тешка, но не е неостварлива задача

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Проблеми со видот – рефрактивни аномалии

Еспресо

Интервју со д-р Билал Кара, сопственик на групацијата „Санте Плус“: Ја носиме новата генерација во медицински услуги

Еспресо
Се вчитува....