13:40 - 1 април, 2026

ДАЛИ ВИТАМИНОТ А Е РЕШЕНИЕТО: Губење на чувството за мирис поради коронавирус може да трае со месеци

мирис девојка

Витаминот А  може да го третира губењето или променетото чувство за мирис кај некои луѓе кои го прележале вирусот ковид-19, посочуваат британските научници.

„Сакаме да откриеме дали има зголемување на големината и активноста на оштетените патишта за мирис во мозокот кај пациентите при третирање на капки за нос со витамин А“, посочува водечкиот истражувач, проф. Карл Филпот, од Медицинскиот факултет „Норвич“ и Универзитетската болница Џејмс Пеџет во Обединетото Кралство.

мирис

Студија „Аполо“ спроведена од Универзитетот Источна Англија треба да покаже дали витаминот А може да им помогне на луѓето да ги обноват рецепторите, односно да го вратат чувството за мирис по вирусните инфекции, вклучително и ковид-19, пишува „Радио Слободна Европа“.

Губењето на мирисот е вообичаен симптом на ковид-19, но и пред ковид, многу вируси предизвикаа губење или искривување на мирисот кој кај повеќето луѓе природно се враќа во рок од неколку недели. Но, губењето на едно од најважните сетила предизвикано од ковид-19 кај некои луѓе трае многу подолго време.

мирис девојка

Претходните истражувања од Германија ги покажаа потенцијалните придобивки од витамин А, а тим истражувачи на „Аполо“ ќе покажат како овој третман помага да се „поправи“ ткивото во носот оштетен од вируси.

„Студијата, финансирана од Националниот институт за здравствени истражувања (НИХР), еден ден може да помогне во подобрувањето на животот на милиони луѓе ширум светот кои страдаат од губење мирис, со враќање на петтото сетило“, пишуваат истражувачите.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....