5.8 C
Скопје
07:44 - 26 април, 2024

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 2 ОКТОМВРИ: Бидете свои, нема потреба од глумење

хороскоп

Овен

Ќе продолжите да ја заведувате личноста на која ѝ фрливте око. А, и вие за неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во односот што го градите. На работа ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања, за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план.

Бик

Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Размислете да вклучите и некој пријател во проектот. Неговиот совет добро ќе ви дојде. Досега мислевте дека саканата личност само сака да премости еден тежок период и не размислува за заедничка иднина. Меѓутоа, таа има сериозни планови.

Бик

Направете селекција помеѓу важните и неважните личности во вашиот живот. На вторите постепено дадете им до знаење дека не сакате повеќе да бидат во ваше опкружување. Бидете похрабри и не плашете се да го направите планираното. Прашајте го семејството дали ќе застане зад вас, тоа искрено ќе ве подржи во намерите.

Близнаци

Сметате дека сте ги победиле сите непријатели и веќе ништо не ви стои на патот на успехот. Во моментов сте во право, но не очекувајте ситуацијата да потрае. Можеби непријателот само се притаил за подобро да го испланира следниот чекор. Доколку сте слободни, денес може да сретнете една личност од минатото.

Рак

Секојдневието ви изгледа мирно и ќе се соочите со отворање на врата која ќе ве однесе на повисоко ниво. Малку сте отсутни со умот и тоа може да предизвика да направите неколку грешки. На емотивно поле, мора да бидете подипломатски поставени во односот со партнерот и внимателно изразување на личните потреби.

Лав

Поради вашето нерасположение и негативна енергија ќе трпат и членовите на семејството, но и работата. Запомнете дека ништо нема да ви стои на патот, освен вашата неодлучност и недостатокот на самодоверба. Ако некој ваш пријател се наоѓа во тешка ситуација, обидете се да му помогнете со давање пријателски совет.

Девица

Потребно ви е дополнително внимание при средбата со соработниците и при процената на новите деловни прилики. Нема потреба да го свртувате вниманието на себе или да навлегувате во некакви сомнителни преговори. Моментално љубовта и задоволството можеби не одат во комбинација.

Вага

Тешко успевате да одржите рамнотежа. Обидете се да го промените сето она што досега не ви одговараше во работата или во корен да пресечете сѐ што ви пречи. Исечете ги само лошите нешта, немојте сѐ да исечете. Ќе имате парични добивки. И на полето на љубовта очекувајте добри промени.

Скорпија

Доколку веќе извесно време сакавте да поразговарате со партнерот за некои важни работи, денес е вистинскиот момент за тоа. Кажете му го вашето мислење за сѐ, дури иако знаете дека можеби нема да му се допадне. Останете си во своја кожа, не правете се друга личност.

Стрелец

Околу вас ќе забележите многу љубомора и натпреварување. Луѓето ќе се натпреваруваат за да докажат кој е подобар или кој е попопуларен. Не влегувајте во таа игра, бидејќи на крајот никој нема да излезе како победник, а таквата тивка борба ќе повлијае негативно на вашите односи со луѓето.

Јарец

Ќе ви биде тешко да се справите со нечувствителноста на одредени луѓе. Малку ќе претерате со присилувањето на другите да се држат кон вашите желби и потреби. Љубовта ви фаќа кривини и потребни се длабоки дискусии за одново да се поврзете со партнерот. Бидете свои, нема потреба од глумење.

Водолија

На професионално поле очекувајте видни подобрувања во текот на наредната недела. Искористете ја дури и најмалата шанса што ќе ви се пружи. Во љубовта ве очекува интересен разговор со саканото лице. Доколку сте во брак, очекувајте добар однос и стабилност.

Риби

Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи. Љубовта ќе се роди спонтано кај вас, престанете да ја барате. Еден комплимент кажан од вистинската личност ќе ве вивне во облаци. Ве очекува можност да ги остварите своите идеи.

Слични објави

Хороскоп за среќа: Најповолните денови во мај за секој хороскопски знак

еспресо

Српските естрадни ѕвезди се простуваат од Џаро: „Патувај легендо, мами ги ѕвездите на небото“

еспресо

(Видео) Никола Роквиќ откри колку пари собрал за четири дена: Српскиот пејач тргна пешки на пат долг 1.060 км за Грција

jasmina.kantardzieva

„Беше кратко и слатко“: Јелена Карлеуша повторно на суд поради Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Раста успешно опериран! Српскиот рапер покажа како се опоравува

Еспресо

(Фото) Ден пред погребот, објавен е мистериозен некролог за Бојана Јанковиќ: Без потпис

еспресо
Се вчитува....