07:31 - 8 април, 2026

6 намирници кои го штитат имунитетот

За овие намирници уште многу одамна е познато дека помагаат во јакнење на организмот – мед, лук, агруми, овошје и зеленчук, јогурт и чоколадо.

Ако имунитетот го сфатиме како способност да се избориме со секој вид болест, тогаш здравиот животен стил претставува најдобар штит.

Со оглед дека храната со одреден состав ги јакне одбранбените сили, називот кој се користи за таквиот тип исхрана е имунонутриционизам.

Стресот, настинките, нездравата животна средина, пушењето, алкохолот, гладувањето, недоволно сон, премногу интелектуална и физичка работа, се само некои од причините кои негативно влијаат на имунитетот.

Знаците и симптомите кои исто така укажуваат дека постои несоодветна функција на овој заштитен систем се упорни, повторувачки, најчесто вирусни или бактериски инфекции, реакција со инфекција на вакцинација…

За да ја подобриме одбраната на организмот од болести, експертите советуваат избегнување психоактивни супстанци и психофизичко исцрпување, а на имунитетот лошо влијае и претерувањето во храна и пијалаци.

Секоја инфекција треба да се сфати сериозно и да се побара лекарска помош.

Исто така, во редовни периоди треба да се оди на систематски прегледи, за да навреме се дијагностицираат евентуални тешки заболувања, да се пропише терапија и на тој начин максимално да се зачува имунолошкиот систем.

За одбраната на организмот од вируси и бактерии биде ефикасна, треба секојдневно да одвоите 30 минути за физичка активност, да јадете умерено и внимателно да бирате намирници, доволно да се одмарате и квалитетно да спиете.

Слични објави

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

Вака подготвениот појадок го држи шеќерот под контрола и го намалува ризикот од дијабетес

Еспресо

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Фејслифтинг – хармонија помеѓу годините и природната убавина

Еспресо

Веќе не е јаболковиот оцет, нов „чудотворен напиток“ се пие за здравје и убавина – експертите предупредуваат да се внимава

Еспресо

Што да јадете ако имате проблеми со холестеролот?

Еспресо
Се вчитува....