02:31 - 11 ноември, 2026

5 симптоми кои се припишуваат на загадувањето на воздухот, а всушност се показател на нешто друго

Загадувањето на воздухот е секојдневно застапена тема, а докторите апелираат да правиме сè што е потребно за да ги заштитиме дишните органи и да обрнеме внимание на своите бели дробови.

Во продолжение ви ги откриваме симптомите кои никако не би смееле да ги игнорирате.

Болка во грбот и во рамената

Иако се смета за редок симптом, болката во грбот, рамената, па дури и во градите, може да биде показател за рана фаза на канцер, а ако се дијагностицира во раната фаза, може да се излекува. Ако станува збор за посилна болка која трае подолго отколку вообичаениата болка во грбот или ја доживувате почесто, задолжително јавете се кај вашиот лекар, кој ќе утврди која е причината за тегобите.

Кашлање

Додека кашлањето обично се поврзува со зимски настинки или хронични проблеми со респираторниот систем, како астма и бронхитис, важно е да се знае да се прави разлика помеѓу различни видови кашлица. Акутната и субакутната кашлица може да биде знак за карцином на белите дробови, особено кога е поврзана со друг симптом на болеста, како што е искашлување на крв.

Краток здив

Чувство на гушење или останување без здив најчесто се јавува кај пациенти кои имаат проблеми со астма и со алергии. Ако забележувате дека имате тешкотии со дишењето, совет на стручњаците е да поминувате што е можно повеќе време надвор од градот и да практикувате физичка активност. Ако овој симптом трае подолго, посетете лекар.

Жолти белки

Овој симптом често се занемарува, но многу е важно да се обрне внимание, бидејќи е јасен показател дека црниот дроб не функционира добро, што може да се појави во случај на карцином на белите дробови. Жолтата кожа може да биде знак на жолтица, но исто така има ефект и врз белките на очите, кои попримаат бледо жолта, а подоцна, кај акутни пациенти, потемна боја.

Недостаток на енергија

Проблемите со спиењето или стресот можат да предизвикаат замор, но ако премногу често чувствувате целосна исцрпеност и недостаток на енергија, придружено со кашлање, намален апетит, можно е зад тоа да се крие подмолно заболување, затоа е важно редовно да правите анализа на вашето тело и на секој симптом навремено да реагирате.

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....