02:39 - 11 ноември, 2026

Илон Маск збунет: Бил и позитивен и негативен на корона со брзите тестови

Извршниот директор на компанијата Тесла Илон Маск изјави дека истовремено направил четири тестови на коронавирус, од кои два биле позитивни, а два негативни.

Тој на својот Твитер налог го објави ова изразувајќи сомнеж дека нешто лажно се случува.

-Се тестирав денеска четири пати на коронавирус. Двата тестови беа негативни, а двата позитивни. Иста машина, иста сестра, ист тест. Брз антиген тест, напиша Маск, најверојатно алудирајќи на брзиот тест од компанијата Бектон Дикинсон, пренесува Ројтерс.

Маск додаде дека направил и ПЦР тест и дека резултатите ќе му бидат дадени во рок од 24 часа.https://platform.twitter.com/embed/index.html?dnt=true&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1327125840040169472&lang=en&origin=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Filon-mask-zbunet-bil-i-pozitiven-i-negativen-na-korona-so-brzite-testovi%2F&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px

На прашањето на еден од неговите следбеници на Твитер, дали има некакви симптоми на болеста, Маск му одговори дека се чувствува како да е настинат.Прочитајте и…  Заев: Со приватизација на некои од државните претпријатија тие имаат потенцијал да растат и да бидат европски

-Засега ништо невообичаено, рече тој.

Инаку, компанијата Бектон Дикинсон соопшти уште во септември дека повела истрага откако се појави информации дека нивните брзи тестови користени во домовите за стари лица давале погрешни резултати.

Преземено од Слободен печат

Слични објави

(Фото) Сара Јо го прослави 33. роденден во друштво на најблиските, а Алексеј Бјелогрлиќ не ја испушташе од прегратка

Еспресо

(Фото) Елеганција во црвено — Анета Љумаковска во впечатлив костум покрај сопругот на „Фолк фест Роса“

К.С.

(Видео) Мијата со симболичен подарок ѝ пренесе на Емели Санде дел од македонската традиција

Еспресо

Ѓина Џиновиќ со емотивна порака ѝ го честиташе роденденот на мајка си Мелина: „Ти си мојот најголем пример…“

apostolova

Колегите ја обвинија Мина Костиќ за кражба: „Зеде 500 евра, ја бркаа по град и бегаше на помошен излез“

Е.А.

Си зедов дама родена, уф, што ми е погодена – „Ѕма, Ѕма, Ѕм“ повторно живее, Дац и Александар го вратија хитот од 1978 година во чест на Славе Димитров

Т.Ц.
Се вчитува....