21.8 C
Скопје
16:16 - 28 март, 2024

Ѕвездите од турските серии со лелеци и пораки по земјотресот: „Роднини ни лежат под урнатините“,„Болката е толку голема!“

Познати турски актери објавија дека нивните роднини лежат под урнатините на уништените згради.

Бројот на загинати по земјотресот во Турција и Сирија утрото на 8 февруари се искачи на над 7.900 лица, а Реџеп Таип Ердоган го нарече земјотресот „најмоќната природна катастрофа на земјата од 1939 година. Според турскиот претседател, потресите биле со јачина од 7,7 степени, а станува збор за „една од најголемите катастрофи во историјата“.

Мелиса Асли Памук, актерка од турските ТВ серии „Нов живот“ и „Слепа љубов“, изјави дека нејзините најблиски се под урнатините. „Баба ми не може да оди, болна е… Заглавена е во зградата заедно со тетка ми. Не знаеме што се случува со нивниот стан, има ли некој во близина што може да помогне?“ – се обрати ТВ ѕвездата кон своите обожаватели на социјалните мрежи. Неколку часа подоцна, таа ја сподели радосната вест. „И баба ми и тетка ми преживеаја. Господ на помош на нашата земја“, напиша Памук.

Мелиса Асли Памук, фото Инстаграм

Улогата на Пирил во ТВ серијата „Чукај на мојата врата“ ја прослави актерката Башак Ѓумулчинелиоглу, која сега стравува дека нејзината мајка е погодена од земјотресот. „Нашата мајка живее во Хатај, Антакија, во општинските згради. Немаме новости. Ако некој ја видел или слушнал нешто, ве молам да ме известите“, ги праша таа своите обожаватели на социјалните мрежи. Нејзиниот сопруг Чагри Читанак, кој исто така игра во познати турски серии, се обрати до властите за помош. Актерот рекол дека неговата мајка лежи под урнатините. Според него, куќата во која живеела жената е сосема уништена.

Башак Ѓумулчинелиоглу, фото Инстаграм

На социјалната мрежа по трагедијата се огласи и актерот од ТВ серијата „Чукај на мојата врата“ Керем Бурсин. „Нашата болка е толку голема! Треба да се обединиме! Зарем овие несреќи што ги доживуваме, овие болки не го покажуваат тоа?.. Нашите молитви се една молитва, нашата болка е една, нашата љубов е една. Оздрави наскоро, Турција моја!“ – повика уметникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kerem Bürsin (@thebursin)

На социјалните мрежи се огласи и популарниот турски актер Бурак Озчивит, попознат како Бали Бег од „Сулејман величенствениот“, но и по улогите во турските серии „Дневникот на Фериде“ и „Карасевда“. Во емотивна порака Озчевит изрази сочувство до семејствата на загинатите во катастрофалниот земјотрес во Турција.

Барук Озчивит, фото инстаграм

„Ѝ посакувам брзо закрепнување на мојата Турција. Го молиме Бога за милост, за нашето население, и лесна земја за оние кое ги загубија животите во оваа катастрофа. Мое сочувство до нивните семејства и најблиските, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, објави актерот.

Слични објави

(Фото) Ова е сестрата на Драгана Мирковиќ, неверојатно си личат: Таа ѝ е најголема поддршка!

еспресо

(Фото+видео) Теодора Џехверовиќ првпат „уловена“ со новиот дечко: Пејачката ужива во љубовта со познат кошаркар

Еспресо

Прва објава на Тони Бијелиќ за разводот со Драгана и неговата љубовница: Отсекогаш сум бил чесен и достоинствен!

Еспресо

Богатството на Драгана Мирковиќ се проценува на 100 милиони! Од имотот, бизнисите и автомобилите на пејачката и Тони ќе ви се сврти во глава

Еспресо

„Официјално сум разведен“, Харис Џиновиќ излезе од суд и порача: Мелина е никаква, не простувам неверство!

еспресо

Големо изненадување: Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат драстични промени во април

еспресо
Се вчитува....