12.8 C
Скопје
21:00 - 20 октомври, 2026

Затнат одвод? Наместо сода бикарбона и оцет, пробајте ја оваа природна комбинација

Со години на интернет се шират разни „природни трикови“ за чистење во домаќинството. Еден од најпопуларните совети е оној според кој во одводот треба да се истури шолја сода бикарбона, а потоа врз неа да се додаде и шолја оцет. Идејата е дека хемиската реакција меѓу овие две состојки ќе создаде пена и меурчиња што ќе го разградат и „истуркаат“ затнувањето од цевките.

Но, експертите предупредуваат дека овој трик во практика ретко се покажува како ефикасен. Имено, реакцијата на сода бикарбоната и оцетот навистина произведува јаглерод диоксид, гас што во затворени садови создава одреден притисок. Сепак, домашните одводни цевки не се затворен систем – гасот едноставно излегува надвор, без да создаде доволна сила. Резултатот? Многу пена и шумење, но затнувањето најчесто останува на своето место.

Затоа блогерката и експертка за природно чистење Брен, авторка на популарниот блог „Bren Did“, решила да сподели метод што се покажал значително поефикасен, и тоа без употреба на агресивни хемикалии.

Наместо комбинацијата од сода бикарбона и оцет, Брен препорачува – обична кујнска сол и топла вода. Според неа, токму оваа комбинација најдобро делува на масните наслаги и остатоците од сапун што се наталожуваат во кујнските и бањските одводи, поради кои водата тешко истекува.

„Топлата вода ги раствора маснотиите што ги стеснуваат цевките, а зрнцата сол со своето абразивно дејство дополнително ги отстрануваат наслагите и талогот. Така се создава двоен ефект – топлината омекнува и раствора, а солта струга и впива“, објаснува Брен.

Зрнцата сол делуваат како ситна шмиргла. Секое кристално зрнце има остри рабови што физички ги отстрануваат наслагите од храна, сапун, маснотии и други нечистотии. Освен тоа, солта природно впива влага, што дополнително го олеснува одзатнувањето на одводот.

Комбинацијата од топла вода и сол на тој начин ги отстранува лигавите наслаги во цевките и овозможува водата повторно слободно да тече.

Но, експертите нагласуваат дека треба да се биде внимателен – водата не смее да биде врела, бидејќи премногу високата температура може да ги оштети пластичните цевки. Најдобро е да се загрее речиси до вриење, а потоа внимателно да се истури во одводот.

Интересно е што овој совет не доаѓа само од блогерка. И експертите од компанијата Deer Valley Plumbing & Air Conditioning потврдуваат дека методот со сол навистина функционира.

„Солта сама по себе ги разградува маснотиите. Кога ќе се комбинира со топла вода, резултатот се почисти и попроодни цевки“, велат тие.

За разлика од оцетот и сода бикарбоната, чија реакција во отворен систем нема значителен ефект, солта и топлата вода физички и хемиски ја отстрануваат насобраната маснотија – главната причина за затнувањата во кујните.

Предност на овој метод е што е целосно природен и не бара употреба на агресивни хемикалии кои би можеле да ги нагризат цевките или да ѝ наштетат на животната средина. Воедно е и евтин, бидејќи состојките најверојатно веќе ги имате дома.

За редовно одржување на одводот, доволно е постапката да се повторува еднаш месечно, со што се спречува наталожување на нови масни наслаги и појава на непријатни мириси.

За примена на овој метод потребно е:

Во одводот да истурите половина шолја сол (кујнска, морска или крупна).
Да загреете два литри вода речиси до вриење.
Полека да ја прелеете топлата вода врз солта во одводот.
Потоа да пуштите млаз топла вода од чешмата за да се исплакнат остатоците.
Кај потврдокорни затнувања, постапката може да се повтори неколкупати.

Слични објави

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо

Глумеше од душа и донесе милиони насмевки, а почина заборавен од сите: Пред 23 години нè напушти легендарниот Чкаља

Еспресо

Ви се замаглуваат прозорците? Едноставен трик со производ што го имате во бањата може да помогне против кондензацијата

К.С.
Се вчитува....