12:48 - 7 ноември, 2026

За нивната средба зборуваат сите: Прва заедничка фотографија на Купер и Шајк по раскинувањето (ФОТО)

По кажаното збогум, пред осум месеци, поранешниот славен пар повторно со заедничка фотографија на социјалните мрежи.

Бредли Купер и Ирина Шајк се сретнаа на еден настан кој се случи после БАФТА наградите и заедно позираа пред фото-објективот.

Откако љубовната приказна заврши, а несогласувањата се надминаа, помеѓу нив останува срдечното пријателство.

Ова е првпат Ирина и Бредли да се појават заедно во јавноста, откако се разделија во јуни минатата година. 

Повод бил учество на британската забава „Vogue and Tiffany & Co“, која се одржа во Лондон, што претставува еден од бројните пост-БАФТА настани.

Моделот Ирина Шајк (34) била облечена во сребрен мрежаст фустан, кој не остава многу простор за фантазија, додека Бредли (45) бил дотеран во беспрекорен темен костум.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....