12:02 - 8 ноември, 2026

Војаж проговори за Гудељ и Ема Радујко: Драги не е таков тип, да прави нешто такво

Михајло Веруовиќ Војаж се врати од Ибица каде сними нови спотови со пејачката Едита Арадиновиќ. Додека на музичката сцена се зборува за нови проекти, јавноста ја заинтригира и неговата изјава за наводната врска меѓу Ема Радујко и Драгиша Гудељ, шурата на Анастасија Ражнатовиќ.

На прашањето за односот меѓу Ема и Гудељ, Војаж имаше јасен став:

– Мислам дека Драги Гудељ нема никаква врска со Ема Радујко. Драги не е тип на човек кој прави такво нешто. Воопшто не би се експонирал јавно, многу внимава на секој чекор – изјави Војаж.

Војаж зборуваше и за своето искуство со односите со јавноста, особено со поранешните девојки Бресквица и Тамара, кои постојано беа под рефлектороте на медиумите.

– Тоа беа наши заеднички одлуки. Не ме чини ништо. Следната врска ја чувам исклучиво за себе. Следната девојка нема да биде од странство, мора да е нешто домашно – изјави со насмевка за Блиц.

Продолжуваат шпекулациите за врската на Гудељ со пејачката Ема Радујко. Двојката наводно била видена заедно во Белград, а според пишувањата на медиумите средбата со Ема била причината за доаѓањето на Гудељ во Србија.

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....