11:33 - 12 ноември, 2026

Вирално обраќање на Арнолд Шварценегер: „РУСИТЕ кои демонстрираат против војната се моите ХЕРОИ“

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија им се обраќа на „драгите руски пријатели“ и на војниците на Путин на Твитер со деветминутна видео порака постирана на социјалните мрежи.

„Путин уништува млади животи за својата амбиција“  вели Шварценегер обраќајќи се до рускиот народ

Тој директно им зборува на граѓаните во сенката на Кремљ, сметајќи дека негова должност е да им објасни што се случува, со оглед на големата контрола на информациите во Русија.

„Никој не сака да слуша критики за нивната влада, разбирам, но како долгогодишен пријател на рускиот народ како, што се сметам себеси, се надевам дека ќе ме слушнете“. Глумецот се обрати на оние кои излегоа на улиците да протестираат против војната нарекувајќи ги „херои“.

Актерот и поранешен гувернер на Калифорнија директно им се обрати и на војниците на војската на Путин:

„Знам дека вашиот шеф ви кажа дека е војна за да се денацизира Украина. Но, тоа не е вистина. Украинскиот претседател е Евреин чии чичковци биле убиени од нацистите. Украина не ја започна оваа војна, ниту нацистите. Ова не е војна на Русите“.

На Владимир Путин пак, му вели: „Ти ја започна оваа војна, ти ја водиш, ти можеш да ја запреш“. „Да се ​​удри во Украина е како да се удира брат или сестра“, додава тој, потсетувајќи дека има 13 милиони руски семејства со роднини преку границата.

Слични објави

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.
Се вчитува....