11:54 - 8 ноември, 2026

(Видео) „Види ja мамичка“: Наташа Беквалац во бањарка објави видео на ТикТок и го „сруши“ интернетот

Иако нејзината ќерка Хана Икодиновиќ не била за Наташа Беквалац да отвори профил на ТикТок, пејачката сепак го направи тоа на свој начин.

Наташа и нејзиниот колега Реља Поповиќ пред два дена објавија спот за нова песна која предизвика бура на мрежите бидејќи и двајцата се појавија во провокативни изданија. Сепак, изненадувањата не завршија тука. Наташа реши да ги почести своите фанови и на друг начин.

Имено, пејачката отворила профил на TикТок, која до сега ја немала. Таа во оваа прилика објави видео во бањарка, пред новогодишната елка, а она што е забележливо е дека била целосно нашминкана и фризура.

„Новосадската барбика“ во неколку наврати истакна дека нејзината постара ќерка Хана е голем критичар, и дека често ги почитува нејзините коментари. Овој пат, иако наследничката на Наташа рекла дека не ѝ треба ТикТок, пејачката сепак си го направи своето и јавно ѝ се обрати.

– Ќерка ми ми кажа дека е „кринџ“ што имам ТикТок… Хани, види ја мамичка – напишала Наташа во описот на своето видео, заедно со насмеаниот емотикон со црвено срце.

@bekvalcevaofficial❤️❤️❤️❤️❤️

♬ Christmas Is Coming – Sound Gallery by Dmitry Taras

Слични објави

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.
Се вчитува....