13.8 C
Скопје
10:52 - 20 октомври, 2026

(ВИДЕО) Украинка се обидела да го прошверцува сопругот надвор од државата во кутија за играчки

Возрасните мажи од Украина не смеат да ја напуштат земјата, но еден 37-годишен маж се сокрил во кутија за играчки во автомобилот и се обидел да ја напушти Украина со сопругата и двете деца.

Граничната полиција го фатила на преминот Рососани со Молдавија. Автомобилот полн со играчки им изгледал сомнително, а откако ги провериле документите за жената и децата, го прегледале багажникот. Таму нашле човек во кутија за играчки.

„Како што се испостави, сопругата се обидела да го прошверцува таткото на нејзините деца преку граница. Граничарите не го пропуштиле патникот затоа што на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја преминуваат границата“, соопшти Украинската гранична служба.

Против 37-годишникот е поднесена тужба за обид за неовластено преминување на државната граница, а тужба ќе биде поднесена и против неговата сопруга која по член 332 од Кривичниот законик се обидела да незаконски да пренесе човек преку државната граница.

Што се однесува до забраната за напуштање на државата, има и отстапувања како медицински причини, ако таткото се грижи за три или повеќе деца, дали сам одгледува дете, дали има дете со попреченост или ако посвоил дете. Две деца не се вклучени во овие исклучоци.

Слични објави

Како треба да вежбате на 20, 30, 40 и по 60 години? Фитнес-експерт открива што му е потребно на телото во секоја возраст

К.С.

(Фото) Синот на Лозано наполни две години — малиот Марко славеше со торта со мотори и Спајдермен

К.С.

Хороскоп за 20 октомври: Бикови, ве очекуваат куп обврски и одговорности

Еспресо

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо
Се вчитува....