17:27 - 31 октомври, 2026

(Видео) Стајлинг од 39.200 евра! Бремената Александра Пријовиќ се појави брендирана од глава до пети

На концертот на пејачката Марија Шерифовиќ синоќа се појави фолк пејачката Александра Пријовиќ која во моментот е бремена, а нејзиниот стајлинг ги воодушеви сите.

Александра Пријовиќ се повлече од очите на јавноста по завршувањето на турнејата „Од исток до запад“, а сега ужива во трудничките денови опкружена со семејството и пријателите.

Александра синоќа се појави на концертот на Марија Шерифовиќ, каде за српски „Блиц“ накратко порачала: „Добро сум, благодарам“, а посетителите едвај ја пуштиле да влезе во салата, бидејќи сакале да се сликаат со неа, а таа сите ги испочитувала и позирала.

 

Пријовиќ во оваа прилика носела чевли од луксузната модна марка „Шанел“ и сива чанта. Мокасините што ги носела чинат околу 3.000 евра, додека за чантата потрошила 10.500 евра. Заедно со нив носела и бела кошула, предимензионирано сиво палто и црни панталони.

Александра носела и скап накит, белегзии во вредност од 14.400 евра и ѓердани од 5.250 евра, како и белегзии од луксузниот бренд „Van Cliff & Arpels“ од 6.000 евра. Сè вкупно чинело околу 39.200 евра.

 

Слични објави

Балкански музички ѕвезди кои трагично ги загубија животите во сообраќајни несреќи

Е.А.

Сестрата на Тоше Проески, Дора, сподели емотивно видео од Тоше со татко му Никола

Еспресо

Како да исчистите калинка без да направите неред во кујната? Едноставен трик со вода што навистина функционира

К.С.

За Ноќта на вештерките — балкански хорор-филмови што ќе ве натераат да спиете со запалено светло

К.С.

Пејачката Мијата прослави 19 години љубов со сопругот: Романтика на плажа со песна од Селин Дион

Еспресо

Улогата на Снежана Савиќ во „Подобар живот“ требало да ја добие оваа пејачка!

Еспресо
Се вчитува....