34.3 C
Скопје
18:38 - 31 јули, 2026

(ВИДЕО) Руската убавица, ВИКТОРИЈА ЛОБА со СОЛЗИ во очите посака МИР: Народот треба да биде обединет, не треба да нè одделуваат!

Нашата позната пејачка, Викторија Лоба неодамна гостуваше во утринската емисија на телевизија Телма. Викторија Лоба важи за една од најпопуларните македонски пејачки со руско потекло.

Имено, Лоба е родена во Таганрог, Русија на 17 октомври 1988 година. На свои 8 години таа со семејството се сели во Скопје и уште од мали нозе е присутна на музичка сцена и ТВ станиците.


Во музичките води влегува во 2003 година кога ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во дует со Марија Арсова и песната „Ти не ме познаваш“ каде се пласираа на 12-то место.


Лоба за време на гостувањето заедно со нашиот познат водител Ненад Георгиевски разговара на бројни теми. Музика, кои се идните планови на пејачката, дали подготвува нови песни и секако дали може да очекуваме некоја нов хит.

„Некако се потроши инспирацијата за убавото, за славењето, за музиката. Така што, веќе почнуваме да се будиме кога станува збор за музиката, да ѝ прикажеме нешто убаво на публиката. Но, ете повторно се случуваат неубави работи. Многу е деликатно, некогаш времињата не се за убави песни, некогаш времињата не се за да тргнеш и да пееш за нешто што навистина не е важно во моментот. Како артисти, треба да ја пресликуваме ситуацијата којашто народот ја живее моментално“, истакна Лоба.

За жал, неизбежна беше темата за конфликтот меѓу Украина и Русија, а тоа посебно ја погоди пејачката :

„Јас сум со огромна желба за мир, љубов и разбирање помеѓу сите народи. Сакам да кажам дека народот треба да биде обединет, не треба да нè одделуваат, без разлика дали се работи за различни народи и националности. Треба да го доживееме тоа единство во нас и кога ќе се случи тоа, нема да може ниту еден политичар да нè скара“, порача пејачката со треперлив глас, бришејќи ги солзите од своето лице.

Слични објави

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

Северина ja објави една од најемотивните песни во кариерата

Е.А.

А каде е Јелисавета? Павле Менсур замина за Хрватска без девојката, а еве кој му прави друштво

Е.А.

Важеше за голем хуманитарец, а една песна му го промени животот – денеска се навршуваат 15 години без Луис

Е.А.

Ѕвездите носат пресврти: Што им носи првиот викенд во август на хороскопските знаци?

Т.Ц.

Маја Беровиќ за кариерата, рекордите и односите меѓу пејачите

Е.А.
Се вчитува....