12.8 C
Скопје
21:07 - 19 октомври, 2026

(Видео) По Бебе Реџа и колешката сонародничка Ава Макс нападната на сцена: Маж ѝ удрил шлаканица

Пред два дена сите светски медиуми објавија дека пејачката Бебе Реџа со албанско потекло била погодена со предмет во главата за време на нејзиниот настап.

Непознато момче од публиката ја удрил со телефон по глава, наводно затоа што на настапот го покажала симболот на Голема Албанија, двоглавиот орел.

Синоќа се случил уште еден напад на сцена, исто така врз пејачка со албанско потекло, популарната Ава Макс.

принтскрин

Ава синоќа настапила во Лос Анџелес, а среде концерт на бината се качил непознат маж и ѝ удрил шлаканица.

Обезбедувањето веднаш го исфрлило мажот надвор од салата.

принтскрин

На Твитер се појави видео од инцидентот на кое гледаме како маж ја удира Ава по глава, но таа продолжува да пее.

Сепак,  во еден момент таа се фаќа за глава и паѓа на колена, а потоа набрзо ја напушта сцената.

Подоцна, Ава се огласила и ѝ објаснила на публиката дека ја снашло исто како и нејзината колешка и сонародничка Бебе Реџа.

 

Слични објави

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....