8.8 C
Скопје
03:08 - 18 октомври, 2026

(Видео) Ова е вистинската причина зошто Маја Шупут и „Господинот Совршен“ не биле казнети, иако се возеле на мотор без кацига

Синоќа се прошири веста дека хрватската пејачка Маја Шупут (46) и Шиме Елез (27), поранешна ѕвезда на шоуто „Господин совршенство“, биле пријавени во полиција за возење без кацига додека доаѓале на концертот на Маја во Марунијада во Ловран. Според пишувањето на медиумите, еден граѓанин преку апликацијата на МУП за пријавување побарал да се преземат соодветни санкции против нив.

„Гледам дека двајца полицајци одат зад дотичните лица на почетокот на снимката, па ова е малку бизарно“, навел граѓанинот во својата пријава.

За инцидентот од Марунијада за „Слободна Далмација“ се огласил Жељан Ракела, претседател на БМВ мото клуб Далмација и познат мотоциклистички авантурист со повеќе од 600.000 километри возење низ светот и организирани повеќе од 150.000 километри групни тури. Ракела ги разјаснил околностите под кои Шупут и Елез биле снимени без кацига.

 

@kaiser.bar♬ original sound – Kaiser Barö


„Во колоната ги испративме Шиме и Маја до местото на концертот. Сите имавме кациги. На влезот во оградениот простор каде што се одржуваше концертот, јас возев прв и исто така без кацига 10 метри низ метежот до сцената, што беше во договор со организаторот, во придружба на полицијата и обезбедувањето, движејќи се со брзина помала од 1 км/ч со двете нозе на подот. Во такви ситуации, потребно е да се отстранат кацигите за подобар периферен вид и да се слушаат упатствата на полицијата, обезбедувањето и организаторот. Со тој чин никој не беше доведен во опасност“, изјавил Ракела.

Тој исто така нагласил дека посторот низ кој се движеле не е јавна улица, односно пат.

„Просторот каде што се движевме со моторите без кациги не е сообраќајна зона, ниту пак, движењето во тој простор може да се смета за сообраќај на улица во смисла на одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Тоа е јасно дефинирана и оградена зона на место за јавно собирање со влезна врата, обезбедувачи и друг персонал вклучен во организацијата и безбедноста“, додал тој.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....