18:58 - 8 ноември, 2026

(Видео) Новак Ѓоковиќ ќе се занимава со нова професија во наредниот период

По конференцијата во Мадрид каде меѓу другото зборуваше и за смената на генерациите, Новак Ѓоковиќ сега најави нов тип на ангажман.

Потребно е време за луѓето да сфатат дека го нема Роџер, Рафа, Енди, дека нема да ме има ниту мене…“, изјави Ѓоковиќ во Мадрид, а потоа на својот Инстаграм профил откри каков ќе биде неговиот ангажман во наредниот период.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aman (@aman)

Како што може да се види, Ѓоковиќ ќе води велнес програма во успешна компанија.

Компанијата истакна дека тоа е првпат некој од надвор да ја води велнес програмата во нивниот тридецениски бизнис.

„Започнете го вашето патување кон поголема рамнотежа, прочистување на телото, умот и духот преку прилагодена програма за детоксикација, каде кустос е Новак Ѓоковиќ. Достапно исклучиво во нашите седум светилишта“, објави компанијата на Инстаграм.

Во исто време, на официјалната веб-страница на оваа меѓународна компанија се појави соопштение:

„Фокусирајќи се на природата и себеси, Ѓоковиќ заедно со нашата компанија развија сеопфатна програма фокусирана на долговечноста“.

Инаку, глобален амбасадор на оваа велнес компанија е поранешната колешка и добра пријателка на Ѓоковиќ, Марија Шарапова.

Слични објави

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо
Се вчитува....