16:31 - 7 ноември, 2026

(Видео) Како би изгледала Земјата ако може да се видат стакленичките гасови

Познато е дека поради активностите на човекот, нивото на јаглерод диоксид во атмосферата се зголемува со рекордна брзина, што придонесува за затоплување на планетата и климатските промени.

Но, стакленичките гасови се безбојни, односно не можеме да видиме колку ја покриле и загадиле нашата планета. Можеме само да се обидеме да го замислиме или, како што се обиде НАСА, да ја визуелизираме нивната циркулација низ атмосферата.

НАСА објави три видеа (за три региони во светот) кои покажуваат во кои области се ослободуваат поголемиот дел од стакленички гасови и како се развива или менува процесот во текот на една година. Снимките покажуваат емисии на CO2 во 2021 година, со емисии обоени во портокалова боја за фосилни горива, црвена за согорување на биомаса, зелена за копнените екосистеми и сина за океаните.

Сините точки покажуваат каде јаглеродот во голема мера се апсорбира во океанот, а зелените точки на копното. Неколку работи на кои треба да внимавате во видеото погоре, како што се жариштата на загадувањето во североисточниот дел на САД и зеленото пулсирање на амазонската прашума додека дрвјата апсорбираат јаглерод во текот на денот, пишува „Science Alert“.

Гледаме и како портокаловата боја доминира во атмосферата, односно како емисиите на фосилни горива се шират како што поминуваат месеците за на крајот да ја покрие целата планета. Второто видео (подолу) ги прикажува Европа, Блискиот Исток и Африка. Таму можете да видите повисоки концентрации на емисии на фосилни горива кои доаѓаат од европските земји и Саудиска Арабија. Има и помалку забележлив облак од црвени емисии од Африка.

На третата визуелизација (видео подолу) ги гледаме Азија и Австралија. Овде можеме да забележиме како значителна количина на загадување го затемнува Пекинг во Кина, додека многу ниско ниво на емисии на фосилни горива пристигнува од Австралија, со релативно мала густина на населеност.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....