2.8 C
Скопје
18:05 - 20 декември, 2024

(ВИДЕО) ФИЛМ КОЈ КРЕВА ПРАШИНА: Сензационална приказна за убиство, лудило, гламур и алчност

Славната Лејди Гага ја толкува улогата на нарачателот на убиството, Патриција Реџани, а самиот филм претставува филмска модна ревија со потпис на Гучи.

Трејлерот за филмот „Куќата на Гучи“ (House of Gucci) привлече големо внимание кај љубителите на модата, но и реакции кај семејството Гучи. Филмот во режија на Ридли Скот е биографски, снимен според вистински настан – нарачано убиство. Американската премиера е закажана за 24 ноември, а во Европа пристигнува ден подоцна, кога се обележуваат 100 години од основањето на модната куќа. Славните глумци се собрани на едно место – од Адам Драјвер и Лејди Гага до Џаред Лето, Џереми Ајронс, Салма Хајек и Ал Пачино.

Во 1998., Патриција Реџиани, поранешната сопруга на Маурицио Гучи и советничка во модната компанија „Гучи“, беше обвинета за нарачување убиство на нејзиниот сопруг. Првичната казна беше 29 години, но поради доброто однесување таа беше ослободена порано, односно помина 18 години во затвор.

Филмот е снимен за време на пандемијата на познати италијански локации, во Милано, Фиренца, Езеро Комо, во Рим на легендарната улица „Виа Кондоти“.  Заплетот на филмот се случува во 1995. и ги воведува гледачите во настаните што му претходеа на нарачаното убиство. Во јануари годинава, во интервју за италијанско списание, самата Патриција Реџиани рече дека е многу среќна што на големиот екран ја игра Лејди Гага која ја смета за гениј и која ја обожава.

инстаграм

Но, веќе во март го смени мислењето, па во интервјуто што го даде за АНСА  рече дека не е среќна зашто Гага не ја контактирала пред почетокот на снимањето, искажувајќи го своето незадоволство дека е навредена што популарната музичка дива воопшто не ја запознала. Продуцентите на филмот реагираа на оваа изјава објаснувајќи дека Гага не треба да се сретне со Реџиани и дека се подготвува за главната улога гледајќи бројни документарни филмови за злосторството и читајќи бројни написи, како и книги за животот на Реџиани.

На незадоволството се надоврза и братучетката на убиениот Маурицио, Патриција Гучи, со изјавата дека семејството Гучи е крајно незадоволно од тоа како е прикажано во филмската приказна.

Судејќи според најавата на филмот, на која многумина во светот се радуваат, мора да се признае дека Лејди Гага совршено го „облече“ ликот на Реџиани, особено во начинот на говорот и гестовите, а тоа се должи што и таа самата има италијански корени, па улогата на таква темпераментна жена добро ѝ прилегаше.

Модната куќа „Гучи“ е основана од Гучио Гучи уште во 1921., во неговата родна Фиренца, првично како мала компанија која се занимавала исклучиво со производство и продажба на луксузни производи од кожа. Откако работел во лондонскиот хотел „Савој“  и запознал богата и елегантна клиентела, Гучио посакал да понуди префинети работи за продажба и во неговата татковина. Воспоставил контакт со искусни занаетчии од Тоскана за да ги направи првите кожни модни детали – ракавици, чанти и куфери. Се оженил со Аида Калвели со која имал пет деца и посвоен син што неговата сопруга го имала од претходната врска. Првата „Гучи“ продавница ја отворил во 1921. и бутиците станале семеен бизнис. Починал во 1953, а бизнисот го наследиле неговите синови и го развија во брендот што го знаеме денес, симбол на луксуз и статус. Интересно е да се спомне дека во 1998. „Гучи“ влезе во Гинисовата книга на рекорди поради „генијалните“ фармерки украсени со бисери кои чинеа 3.134 долари.

Култната Бамбус чанта

инстаграм

Во 1947. беше создадена култната Бамбус чанта која стана препознатлив знак за модната куќа „Гучи“, прославена од холивудската дива и принцеза, оскаровката Грејс Кели. Во 1961, беше создадена втората култна чанта, која во 1970. беше преименувана во Џеки О. чанта во знак на благодарност кон Џеки Кенеди Оназис, со оглед на тоа што поранешната прва дама го прослави моделот. И денес, бројни филмски sвезди и претставници на високите слоеви носат креации потпишани од Гучи.

 

Слични објави

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо
Се вчитува....