17.8 C
Скопје
17:54 - 18 октомври, 2026

(Видео) Деми Мур ја сподели веселата роденденска прослава на Брус Вилис: „Те сакам и го сакам нашето семејство“

Семејството на Брус Вилис го слави неговиот посебен ден со љубов, смеа и роденденска песна!

Во чест на 68-миот роденден на Брус Вилис кој се славеше вчера, во недела, поранешната сопруга Деми Мур објави домашно видео на Инстаграм во кое се прикажува семејството – вклучувајќи ја и неговата сопруга Ема Хеминг Вилис и неговите деца – како пеат срдечна изведба на “Happy Birthday” и споделуваат колач со свеќички. .

Вилис се појави на видеото видно воодушевен од мелодијата и насмеан, додека неговото семејство е околу него. Потоа ги дувна своите роденденски свеќи пречекан со ентузијастички аплауз, по што следеше рефрен „Хип-хип, ура!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

„Среќен роденден Брус Вилис. Толку сум среќна што денес те славиме“, напиша Мур во објавата на видеото. „Те сакам и го сакам нашето семејство. Благодарам на сите за љубовта и топлите желби – сите ги чувствуваме“.

Вчера пак, роденденска објава на социјалните мрежи пристигна од сопругата на Брус, Ема, која во многу емотивно обраќање кажа дека секојдневно доживува тага и болка, а емоциите се уште поинтензивни на роденденот на Брус.

„Денес е роденден на мојот сопруг. Утрото го започнав со плачење, како што можете да видите по моите отечени очи и растечен нос“, започна Ема. Таа продолжи да објаснува дека постојано добива подршк од луѓето дека е силна, а самата не знае како е, дека сака да има избор, но исто така нагласи дека одгледува две деца додека се справува со состојбата на нејзиниот сопруг.

Таа за видеото што го сподели, а кое го направила за роденденот на нејзиниот сопруг, рече дека е како „нож во моето срце“.

Слични објави

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо
Се вчитува....