22:08 - 7 ноември, 2026

(Видео) Бизарно до крај! Десингерица ѝ го бутна микрофонот во уста на девојка од публиката

Српскиот пејач Десингерица, односно Драгомир Деспиќ, повторно шокираше со снимка од еден свој настап. Тој го сподели видеото на својот профил на Тик-ток, а на него се гледа како една девојка во публиката ја држи за глава и ѝ го бутка микрофонот во уста.

Видеото сега се прошири на социјалните мрежи, а контроверзниот рапер инстантно стана мета на негативни коментари.

 

@dragomirdespic_design♬ original sound – DragomirDespic_design


„Ова е болно“, „Имаш ли граници“, „Ова е навистина премногу“, „Тоа е тоа. Го допревме дното’, напишаа на социјалните мрежи. Сепак, судејќи по снимката, на неговата публика не ѝ пречел неговиот потег на настапот.

Неговите настапи веќе неколкупати станаа вирални поради слични моменти. На еден настап ги удираше обожавателите со патика по глава, а истото го повтори неколкупати. Потоа, ги плукаше, ги поливаше… Потоа доби забрана за јавни настапи во Бања Лука.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....