16:40 - 7 ноември, 2026

(Видео) Барон Трамп го украде шоуто: Синот на Доналд го прилече целото внимание на инаугурацијата на татко си

Барон Трамп, синот на Доналд и Меланија Трамп, привлече внимание на инаугурацијата на неговиот татко. Тој на оваа свечена церемонија ја покажа својата најнова трансформација на изгледот.

Осумнаесетгодишниот студент изгледаше елегантно за време на денот на инаугурацијата, одлучи да ја скрати косата за специјалната пригода, а се појави фризура со залижан изглед, па многумина ја истакнаа сличноста со неговиот татко.

Прво се појави во црквата со своите родители и други блиски членови на семејството. После тоа се упатија кон Белата куќа.

Американските медиуми неодамна објавија дека Барон станува сè попопуларен меѓу дамите на школата за бизнис на Стерн, на која посетува. Извори за магазинот „Пипл“ изјавиле дека Барон е многу популарен на колеџот и дека го нарекуваат голем заводник. Тој почна да го посетува споменатиот приватен колеџ во септември. Тој беше виден надвор од библиотеката, опкружен со агенти на Тајната служба.

За потсетување, Доналд Трамп положи заклетва во зградата на Капитол, со што стана 47-ми претседател на САД. Четири години откако беше поразен, тој ја напушти Белата куќа. Тој се врати во седиштето на американското претседателство, каде ќе ги помине следните четири години.

На инаугурацијата присуствуваа бројни гости, меѓу кои и сите живи поранешни претседатели на САД (Џо Бајден, Барак Обама, Џорџ Буш и Бил Клинтон), како и светски лидери и технолошки милијардери.

Слични објави

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.
Се вчитува....