5.8 C
Скопје
12:39 - 21 февруари, 2026

(ВИДЕО) Ѝ ПО 20 ГОДИНИ БОЛКАТА НЕ СТИВНУВА: Сузана Турунџиева обвиена со истиот немир и празнина

Нашата позната пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева на својот фејсбук – профил сподели емотивна објава во спомен на нејзиниот трагично починат брат.

Братот на пејачката прерано го загуби својот живот на 36 годишна возраст работејќи во Канада. Панде Турунциев според написите во медиумите најпрво бил киднапиран, па убиен под неразјаснети околности, кои семејството никогаш не ги дознало и до крај никогаш не биле расветлени.


Болката за семејството Турунџиеви не стивнува и по дваесет години од загубата. Во спомен на својот брат пејачката сподели емотиво видео со фотографии од семејниот албум од раното детство на Панде и заеднички фотографии од бројни убави моменти од младоста на непрежалениот брат, син и сопруг.

Денес се навршуваат 20 години, а јас сè уште не го најдов тоа „време кое лечи сè“. Истата болка, немир и невидена празнина… Ме крепи само мислата дека можеби моето братче се наоѓа на некое подобро место од ова, стои во описот на објавата полна со болка и тага на Турунџиева.

 

Слични објави

Јована Јеремиќ забранета во Црна Гора, водителката веднаш се огласи

Еспресо

Мина „се пожали“ од Огњен, но се пофали со свекрвата: Бабата Снешка е столб на семејството по тешкото минато

Еспресо

Хороскоп за 21 февруари: Раковите треба да ги споделат чувствата, Стрелците ќе размислуваат за нови идеи

Еспресо

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо
Се вчитува....