11:30 - 28 ноември, 2026

Весна Петрушевска со солзи во очите се збогуваше со својот добар пријател: „Ќе ми недостасуваат нашите разговори“

Фото/ Принтскрин јутјуб

Познатата актерка Весна Петрушевска на својот инстаграм-профил со емотивна видео-објава се прости од својот колега и пријател Панчо, кој по седум месеци борба им подлегна на повредите. Веста за неговата смрт ја растажи јавноста, а Весна, видно потресена, сподели трогателни зборови во негова чест.

„Отиде и Панчо … го обвинивме, а беше невин. Само си ја сакаше својата работа. Трчаше, како и сите ние, за парче леб. Работеше многу, многу … сам ги договараше свирките, сам пишуваше, одеше по студија. Имаше сетови, беше диџеј, беше многу вреден. Многу сакаше да чита книги. Ќе ми недостигаат нашите разговори за тоа зошто сме ние тука, како го живееме нашиот живот …“, изјави Весна со солзи во очите.

Таа додаде дека Панчо бил вреден, скромен и исклучително нежен човек, кој со љубов ја извршувал својата работа и секогаш зрачел со позитивна енергија.

„Многу ми е жал … и само сакам да ве прашам – што е поважно? Да си го гледате вашиот живот или да дрндате за животите на другите? Панчо, слава ти … ќе живееш сè додека ги пееме твоите песни. Голема трагедија … слава ти“, заврши актерката во својата видео-порака.

Весна и Панчо беа блиски пријатели кои меѓусебно се почитуваа и поддржуваа. Нејзините зборови допреа до многумина, кои ѝ изразија сочувство и го споделија тагувањето за големата загуба.

Слични објави

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Еспресо

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.
Се вчитува....