06:06 - 11 април, 2026

Велигденската фотографија на Констракта предизвика лавина коментари! БЕСНИ ФАНОВИ: „путинофил“, „русофил“, се бара исклучување од Евровизија!

На Твитер се шири фотографија од Констракта, а сите гледаат во масичката која наводно ја симболизира буквата „З“ (Z) – симбол за поддршка на руската инвазија на Украина. Ваквите сомнежи отидоа дотаму што некои твитерџии бараат од организацијата на Евровизија да забрани учество на српската претставничка.

Велигденската фотографија на Констракта предизвика лавина коментари, бидејќи обликот на масичката потсетува на буквата „З“ и тоа „не може да биде случајно“, велат гневните корисници на Твитер, поради што целата дискусија отиде чекор подалеку – па сега се вклучени меѓународни фанови на Евровизија кои го тагираат официјалниот евровизиски профил.

„Еј Евровизија, го видовте ли ова? Изгледа како знакот за „деназификација“ на Путин, нели? Случајност? Не“, гласи еден од твитовите што го одбележаа официјалниот профил на Евровизија.

Ваквиот твит не е изолиран случај.

Во морето од други коментари, Констракта се нарекува „путинофил“ и „русофил“, а корисниците на Твитер бараат нејзино исклучување од Евросонг. Има и такви, пак, кои наведуваат дека се работи за „злонамерност“ и дека секоја поврзаност со буквата „З“ е навистина случајност.

„Констракта во неколку наврати стави до знаење дека е левичарка и дека не е некаква конзерва, така што ова е многу злонамерно прикачување“, стои во твитот што застана во одбрана на Констракта, пренесува порталот нова.рс.

 

 

 

Слични објави

„Разводот ѝ стои одлично!“ – Никол Кидман изгледа сензационално

Т.Ц.

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.
Се вчитува....