03:51 - 28 јули, 2026

Фатена во лага? Козметичкиот бренд со ТикТок видео го уништи доказот со кој Амбер Херд се појави на суд

Холивудските ѕвезди Џони Деп и Амбер Херд во моментов се во центарот на медиумското внимание поради судењето, а валканите детали и грубите обвинувања секојдневно излегуваат на виделина. Поранешниот брачен пар ги користи сите можни средства во правниот конфликт, а Амбер сега е фатена во лага.

Амбер Херд беше фатена во лага откако ја разоткри бренд за шминка. Имено, Milani Cosmetics објави видео на ТикТок во кое откри неточно тврдење изнесено на судот.

Амбер и нејзиниот адвокатски тим на судењето донесоа коректор за лице како доказ. Адвокатката на Амбер Херд им покажа козметички производ на поротата и на судот и тврдеше дека актерката го користела во текот на нејзината врска со Џони, за да ги покрие модринките добиени од физичкото насилство. Адвокатот на Амбер, Елејн Бредехофт, го покажа спорниот коректор пред поротата, судот и целата светска јавност.

Меѓутоа, следеше необичен пресврт. Козметичкиот бренд Милани објави видео на својот ТикТок профил со кое успеа за да ги негира тврдењата на Амбер. Имено, како што наведуваат, козметичките производи кои Амбер и нејзиниот адвокатски тим ги доставиле како доказ, биле лансирани дури во 2017 година, откако завршил бракот на Џони Деп и Амбер Херд.

Milani Cosmetics во петокот објави видео на ТикТок во кое објаснија дека комплетот за шминка прикажан од адвокатот на Амбер не бил достапен пред 2017 година, а наводните злоупотреби се случиле од 2012 до 2016 година.

@milanicosmetics

You asked us… let the record show that our Correcting Kit launched in 2017!👀 #milanicosmetics

♬ International Super Spy – dylan

Иако адвокатот на Амбер конкретно не го именуваше коректорот како производ на Milani Cosmetics, таа во текот на судењето го подигнала комплетот шминка и рекла дека Амбер го користела тој производ секојдневно за да ги сокрие модриците. Сега се шпекулира дека е можно адвокатот само да го користел споменатиот производ како пример за видот на шминката што ја користела Амбер, но можно е и наводите за злоставување да се лажни.

Судењето продолжи денеска во Вирџинија.

 

Слични објави

(Фото) Џејла Рамовиќ и Јаков Јозиновиќ заедно на летување: Исплива фотографија, блескаат од среќа

Еспресо

„Шарлиз Терон го обожаваше моето јагнешко, а Ал Пачино ме пресече со два збора“ – приказни од холивудските денови на Раде Шербеџија

Т.Ц.

(Фото) Цаки „Кисми“ доби снаа — синот Дарио ја запроси убавата Ангела во Палермо

Еспресо

Партнерот на Тања Савиќ пее додека управува со авион, се огласи и Ќеба

Е.А.

Миа Костова без влакна на јазикот: „Да плачам со едната града надвор, утре ќе имам 150.000 следачи“

Еспресо

(Фото) Го бакнува и го прегрнува сопругот Марко: Анѓелка Прпиќ сподели прекрасни љубовни фотографии

Еспресо
Се вчитува....