-3.2 C
Скопје
04:32 - 23 декември, 2024

УКРАИНКИ КОИ ЈА ПРОСЛАВИЈА СВОЈАТА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: Никоја од нив не го заборави своето потекло!

Благодарение на нивниот талент успеаја да ја прослават својата земја во светот, и ниедна од нив никогаш не го заборави своето потекло.

Повеќе жени од светски глас од Украина беа принудени да ја напуштат својата земја во потрага по подобра судбина. Но, благодарение на нивниот талент, успеаја да се прослават – и себеси и својата земја, заземајќи значајни позиции во странските земји, доаѓајќи до научни откритија важни за човештвото, патувајќи во вселената, работејќи во високата мода или глумејќи во најдобрите филмови. Сепак, ниедна од нив никогаш не го заборави своето потекло.

Јулија Тимошенко, украинската Јованка Орлеанка

Од украинската независност од Советскиот Сојуз во 1991 година, Украина имаше најмалку 16 премиери, а Јулија Тимошенко беше првата жена назначена за премиер во историјата на Украина.

Како премиерка управуваше со земјата од 2007 до 2010 година, а потоа повторно во пократок период – од 24 јануари до 8 септември 2005 година. До денес, прашање е дали убавата украинска политичарка препознатлива по цврстите ставови и плетенката во традиционален стил, која ја прослави земјата низ светот, беше беспомошна жртва на политичкиот и судски прогон или жртва на бескрупулозната политика – затоа што е жена.

Пред да влезе во политиката, таа беше успешна претприемачка во индустријата за гас, толку успешна што се најде на третото место на листата на „Форбс“ за најмоќни жени во светот во 2005 година. Тимошенко беше уапсена во 2001 година за прашање што никогаш не беше расчистено, а поврзано со наводни лажни документи. Сепак, меѓу украинскиот народ таа секогаш ќе остане препознатлива како украинската Јованка Орлеанка.

Јулија Тимошенко беше првата жена назначена за премиер во историјата на Украина

 

Соња Делоне, „мајката“ на Кандински

Родена во 1885 година во богато семејство во Храдизк во Украина, Соња Терк, подоцна Делоне, направи револуција во светот на уметноста во дваесеттиот век, но и во светот на модата. Беше пионерка на апстракционизмот, жанр што веднаш по неа го прославија рускиот сликар од светски глас Василиј Кандински, но и францускиот авангарден сликар и поет Франсис Пикабија и чешкиот сликар Франтишек – Франсоа Купка, познат како поет на боите. Соња Делоне ги создаде своите први дела во 1912 година. Можеме да се обложиме дека за Кандински, Пикабија и Купка сте слушнале, а за Соња Делоне многу малку се знае, иако таа била инспирација и на тројцата.

Во 1913 година, Делоне го променила жанрот на творење, почнала да создава обоени ткаенини и се посветила на суштината на применетата уметност дизајнирајќи перничиња, фустани, абажури. Отворила дизајнерски бутик „Каза Соња“, а потоа со кутуриерот Жак Хајм, париски моден дизајнер, кој ги создаде првите бикини, лансирале линија што ќе донесе вистинска револуција во модниот свет, претставувајќи се на Меѓународната изложба на декоративни уметности во Париз, во 1925 година. Се омажила за францускиот сликар Роберт Делоне со кого го основала уметничкото движење наречено орфизам, правец кој ги акцентира силните бои и геометриски фигури. Била добитничка на француската Легија на честа. Починала во Париз во 1979 година.

Можеме да се обложиме дека за Кандински, Пикабија и Купка сте слушнале, а за Соња Делоне многу малку се знае, иако таа била инспирација и на тројцата.

Првата украинска астронаутка – специјалистка за вселенски мисии

Родена во Западна Украина, Хајдемари Стефанишин-Пајпер емигрирала во Америка заедно со нејзините родители. Таа е првиот украински астронаут. Избрана од НАСА во април 1996 година, во август истата година започнала со обука во вселенскиот центар Џонсон, а во 1998 година веќе била квалификувана за специјалист на вселенски мисии. Со вселенската мисија во 2006 година, стана осмата жена во светот која „прошетала“ во вселената. Подоцна извела уште три вселенски летови за контрола на вселенските станици во траење од 20 часа и 34 минути.

(текстот продолжува утре, 3.3.2022).

 

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....