25.8 C
Скопје
17:10 - 28 април, 2024

Убиецот на парадата во Чикаго е обвинет за 7 убиства од прв степен; претходно сакал да си го убие семејството

Убиецот легално купил две пушки со голема моќност и три други оружја, рече портпаролот на округот Лејк. Обвинет е на доживотна казна без можност за условно ослободување. 

Роберт Е. Кримо III е обвинет за седум убиства од прв степен, „обвиненија кои гарантираат доживотна затворска казна без можност за условно ослободување“, рече Ерик Рајнхарт, државниот обвинител на округот Лејк, местото на пукањето за време на парадата на 4-ти јули. Обвинителот најави „многу други обвиненија“, вклучително и за обиди за убиства и психички жртви и ќе побара младиот човек да биде приведен без можност за ослободување со кауција. Потоа додаде: „Ќе бараме максимална казна, не затоа што сакаме одмазда, туку затоа што тоа го бара правдата“.

Во меѓувреме, билансот од масакрот се влошува: еден од повредените, чие име се уште не се соопштува, почина синоќа, со што бројот на жртвите се искачи на 7, а досега беа идентификувани 6 мртви. Се работи за Кетрин Голдстајн, 64 години; Жаклин Сундхајм, 63 години; Стефано Штраус, 88; и Николас Толедо-Сарагоса, 78. Сите жртви биле од паркот Хајленд, освен Толедо-Сарагоса, кој бил во посета на своето семејство од градот Морелос, Мексико.

Покрај нив, потврдена е смртта на Кевин Мекарти (37) и неговата сопруга Ирина Мекарти (35); тие се родители на 2-годишното момче пронајдено само и крваво на крајот од пукањето низ улиците на предградието на Чикаго. Фотографијата на двегодишното детенце беше споделена на социјалните мрежи во областа Чикаго веднаш по масакрот со надеж дека ќе го идентификуваат оние кои го познаваат за да може повторно да си ги најде родителите. Но, сега стигна потврдата дека двајцата родители се меѓу жртвите на пукањето.

Има 47 повредени, според последната официјална бројка, од кои голем дел се уште се во болница на терапија.

Кримо – според Кристофер Ковели, портпарол на Канцеларијата на шерифот на округот Лејк – легално купил две пушки со голема моќност и три други оружја и покрај тоа што полицијата интервенирала во неговиот дом двапати во 2019 година поради обид за самоубиство и затоа што се заканувал дека ќе го убие семејството. Тогаш во полиција контактирал член на семејството кој се јавил да каже дека Кримо сакал „сите да ги убие“. Во таа прилика биле одземени 16 ножеви, кама и меч, но не била пронајдена трага од огнено оружје. Случајот го водела службата за ментално здравје, Кримо бил подложен на низа лекарски средби, но не биле преземени посебни мерки.

Убиецот од масакрот во Чикаго е рапер со уметничко име „Разбуди се“: „Моите постапки ќе бидат храбри. Знам што да правам. Тоа е мојата судбина” се зборови од неговата нова рап песна

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо

(Фото) Драгана Мирковиќ е минато за Тони, еве како се забавува

еспресо

Хороскоп за мај: Важен месец за Биковите, интересни вести за Близнаците, страст за Девиците…

еспресо

(Фото) Прва проба на Теја Дора на Евровизија: Вака ќе изгледа сценскиот настап на српската претставничка

еспресо

Астропрогноза за недела, 28 април: Девиците да внимаваат на мали нешта, Рибите да почнат да спортуваат

еспресо
Се вчитува....