10.8 C
Скопје
01:32 - 6 мај, 2024

Турист се жали на паркингот во Охрид: Ми го зафати местото за кое платив и не сакаше да се помести, му кажав дека би му удрил шамар ако беше помлад

Турист од Република Српска (Босна и Херцеговина) кој живее во Норвешка, а неодамна беше на одмор во Охрид, се жали на лошата организација во врска со паркингот.

Д.Ѓ, за „Еспресо“ се пожали дека иако паркингот пред апартманот во центарот на Охрид каде што бил сместен му бил вклучен во цената, кога ќе се врател од плажа, местото кое било резервиано за нив, никогаш не било слободно.

– Од пет дена, три дена морав да кружам со семејството околу центарот на Охрид, да бараме нов паркинг, и тоа во екот на сезоната беше невозможно. Кога го резевриравме апартманот кој се наоѓа на кејот на езерото, во центарот, ни беше речено дека е обезбеден и паркинг во цената. Така и беше на почетокот. Но потоа, кога и да излезевме со автомобилот, кој патем е изнајмен, на враќање, нашето место беше зафатено. На почетокот, не реагигарав кај сопственикот, но на крајот му се обратив. Овој пат, се работеше за лошо паркирано возило“, вели туристот и додава дека решил да реагира мирно, за да не дојде до инцидент.

– Го прашав сопственикот на апартманот чие возило е тоа, а тој рече дека е на соседот и ми покажа каде живее. Место да регира тој, реагирав јас. Требаше само да се помести неговото возило за неколку метри, за да можам да влезам и јас. Тој зафаќаше две паркинг места. Културно заѕвонив на вратата на соседот, ми отвори еден повозрасен човек. Го замолив да го помести малку автомобилот, за да има место за двајцата. Ми рече дрско дека не може и нема да го стори тоа. Го гледав, се чудев и само му кажав: „Да не бевте постар човек, сега ќе ви удрев шамар“. Потоа, заминав кај сопственикот на апартманот, му кажав што се случи, а тој се огради, рече дека не може да се расправа со соседот. Па, зошто тогаш велите дека имате паркинг вклучен во цената, го прашав но не добив одговор“, ни раскажа туристот.

Д.Ѓ потоа го паркирал автомобилот на паркингот кај Билјанини извори и пропешачил до апартманот, затоа што никаде во центарот немало место. Станал рано наутро, и за среќа, платеното паркинг место било слободно, па го вратил својот автомобил. Тој ден, тој и семејството си оделе од Охрид и вели дека е среќа што местото се ослободило, инаку ќе морале куферите да ги носат пеш до Билјанини извори.

– Доаѓаме во Охрид често, уживаме овде од сѐ срце, мојата сопруга е Македонка. Но, следен пат ќе побарам хотел со обезбеден паркинг, времето ми е кусо за да се расправам со некултурни луѓе“, вели за крај туристот.

Фото: Приватна архива, Јутјуб принтскрин

Слични објави

(Видео) Мадона одржа концерт на Копакабана: Над милион и пол луѓе ја чекаа ѕвездата

еспресо

Зорица Брунцлик и Кемиш во солзи на Велигден: „Сакав да умрам, не можев да зборувам…“

Еспресо

(Фото) Се огласи поранешната сопруга на Харис Џиновиќ: Мелина реагираше на објава на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Цеца на полноќна литургија: „Верник сум…“

еспресо

(Фото+видео) Еве како изгледа вилата на Јована Јеремиќ: Базен, лозје и поглед кој го одзема здивот

Еспресо

Астропрогноза за недела, 5 мај: Биковите да размислуваат позитивно, Јарците ќе напредуваат во кариерата

еспресо
Се вчитува....