11.8 C
Скопје
01:29 - 12 мај, 2024

Богатството на контроверзната Лил Теј скокна: Колку заработи инфлуенсерката за време на нејзината кариера?

14-годишната инфлуенсерка и раперка Лил Теј се најде на насловните страници откако беше лажно објавена нејзината смрт.

инстаграм

Лил Теј овие денови се појави во бројни медиуми ширум светот откако нејзината смрт беше лажно објавена на нејзиниот хакиран Инстаграм профил.

14-годишната раперка и инфлуенсерка на социјалните мрежи создаде релативен успех преку нејзината 5-годишна кариера на интернет. Нејзиното нето богатство моментално се проценува на над 500.000 долари.

Лил Теј има над 3,5 милиони следбеници на Инстаграм, а нејзиниот сега напуштен канал на Јутјуб собра над 200 илјади следбеници.

Девојчето раперка објави изјава за медиумите само 24 часа откако беше објавена порака на нејзиниот инстаграм профил во која тврди дека е постирана од членови на нејзиното семејство, кое ја објави нејзината ненадејната смрт заедно со нејзиниот постар брат.

Лил Теј, чие вистинско име се испостави дека не е Клер Хоуп, објави изјава преку ТМЗ во која ги расчисти работите за целиот скандал.

„Мојот профил на Инстаграм беше хакиран од трето лице и се користеше за ширење на застрашувачки дезинформации и гласини во врска со мене, до тој степен што дури и моето име беше погрешно. Моето законско име е Теј Тијан, а не „Клер Хоуп“.

Теј објасни понатаму велејќи: „Сакам да разјаснам дека јас и брат ми сме безбедни и живи, но јас сум со целосно скршено срце и се борам да ги најдам вистинските зборови за да го опишам тоа.  Беа многу трауматизирачни овие 24 часа. Цел ден вчера бев бомбардирана со бескрајни потресни пораки, солзи и телефонски повици од најблиските додека се обидував да го средам овој хаос“.

Сепак, што се однесува до заработувачката и славата на девојчето, се проценува дека наеднаш значително ќе скокнат со оглед на тоа што страшниот скандал се прошири низ светот а нејзиното име и случај завршија во медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lil Tay (@liltay)

Лил Теј почнала да објавува видеа на интернет во 2017 година кога имала само 9 години.

Таа почна да се прославува затоа што изгледаше како да ужива во раскошниот животен стил исполнет со луксузни возила, дизајнерска облека и мафтајќи со купишта готовина во нејзините видеа. Таа беше позната и како конфликтна личност која честопати се впушташе во интернет расправии со други корисници на социјалните мрежи.

Во 2018 година Лил престана да објавува на Јутјуб, а нејзиниот профил на Инстаграм беше избришан кога нејзините родители беа вклучени во грозен развод кој вклучуваше и битка за старателство за неа и нејзиниот брат Џејсон.

Семејството на Теј се преселило во Лос Анџелес кога таа почнала да се здобива со слава. Претходно таа живеела во Ванкувер, Канада.

Нејзината мајка е поранешен агент за недвижнини, а нејзиниот татко е адвокат.

 

Слични објави

Швајцарија победи на Песна на Евровизија 2024, за влакно пред Хрватска

Еспресо

Ќе ја видиме ли претставничката на Ирска на евровизиската сцена: Тотален хаос на Евровизија

еспресо

Кончита Вурст повторно на сцената на Евровизија: Еве ги останатите изненадувања за финалето

еспресо

(Фото) Големи нереди на Евровизија: Илјадници Палестинци и нивни поддржувачи протестираат пред арената во Малме

еспресо

(Фото) Јелена Карлеуша отвора онлифанс-профил, ќе позира само за возрасни: „Наскоро!“

еспресо

Познатиот српски пејач паднал од пет метри висина: Рокерот сериозно повреден по несреќата

Еспресо
Се вчитува....