11.8 C
Скопје
03:10 - 3 мај, 2024

Сведоштва на луѓе кои се разбудиле од кома: Бев убеден дека во креветот ми ставиле мртво тело

Можеби некогаш сте се запрашале какво е чувството да си во кома, дали е застрашувачки како долготрајна парализа во сон, дали лебдите над своето тело или се чувствувате како предолго да сте спиеле?
Ако е така, не сте единствени. На социјалните мрежи беше поставено прашање како се чувствувале луѓето што биле во кома, а неколку луѓе ги споделија нивните фасцинантни приказни.

1. Додека се лечев од рак три дена бев во медицински индуцирана кома. Мојот брат близнак почина околу една година претходно, исто така од рак. Цело време додека бев во кома, јас бев со него. Бевме на голема зелена ливада, имаше многу сонце и нашите разговори беа вистински. Не слушнав никој од семејството да разговара со мене додека спиев. Се чувствував како да сум спиел три дена и сум се разбудил многу уморен. Се прашувам дали интеракцијата со мојот брат близнак беше вистинска или предизвикана од лековите што ги примав.

2. Татко ми опиша како се чувствувал додека беше два месеци во кома по сообраќајна несреќа. Тој можел да слушне нешто од она што се случувало околу него, како во сон од кој не можел да се разбуди. Кога заедно со моите браќа и сестри разговаравме со него, отчукувањата на срцето му се забавуваа. Еднаш неговите пријатели седеа со него и гледаа фудбалски натпревар, па медицинските сестри побараа да го исклучат телевизорот зашто отчукувањата на срцето му се забрзуваа кога губеше тимот за којшто навива. Според мене, тоа не е како во филмовите. Тој не се разбуди наеднаш, како со некое чудо, туку состојбата постепено му се подобруваше. Прво го отвори едното око, по неколку дена другото, па почна да мрда со прстите на нозете, итн.

3. Ќерка ми два дена беше во медицински индуцирана кома бидејќи за малку ќе се удавеше. Потоа целосно се опорави, но тоа што го кажа беше застрашувачки. Ни кажа дека си играла со моите починати родители, а потоа опиша дека не и дозволиле да влезе во рајот зашто Свети Патрик и рекол дека уште не е време за тоа. Знам дека тоа би требало да е Свети Петар, ама јас носев маица со натпис „Св. Патрик е мојот дечко“, и кога ме виде, таа возбудено извика дека го запознала. Сега се чувствува добро ментално, физички и емоционално, но тврди дека гледа духови. Можам да напишам цела серија за тоа што го гледа.

4. Бев во кома зашто паднав од висина од 15 метри и ги искршив речиси сите коски на грбот. Беше ужасно. Во соништата мислев дека патувам низ времето или дека сум некаков бог. Мислев дека ме застрелале полицајци. И денес имам трауми и воопшто не е забавно, одам на терапија да се справам со нив. Во исто време беше и конфузно и ужасно. Кога се разбудив мислев дека сестрите ме мачат и дека морам да побегнам. Почнав силно да халуцинирам и не можев да сфатам дека сум во болница.

5. Две недели бев во медицински индуцирана кома поради свински грип. Поради телевизорот што работеше во мојата соба и лековите што ги примав, ги доживеав најреалните соништа во животот. Веста за повлекувањето на Опра сигурно ми влегла во глава и сонував дека заедно спасуваме китови во потопениот Чикаго. Додека сум била во кома Опра најавила дека го завршува шоуто Опра Винфри. Бев многу вознемирена кога подоцна дознав за тоа. Во меѓувреме, во моите соништа бевме на ручек со шампањ. Прекрасно беше, бев суперхерој што може да лета и се борев против непријателите. Потоа се разбудив и не само што не можев да летам, туку и мојата пријателка Опра ме изневери и замина во пензија. Бев скршена.

6. Тоа можам да го споредам со она кога како дете ќе се разбудиш во куќата на пријателите и не знаеш каде си. Два месеци бев во кома по тешка сообраќајна несреќа. Се разбудив во болничка соба и немав поим што се случило, ни зошто сум таму. Од некоја причина мислев дека имам 60 години, а имав дваесетина. Поради протезата заклучив дека нешто не е во ред со мојот врат, но не бев сигурен како и што се случило. Бев параноичен и исплашен, но не знаев зошто сум таму. Преку трагите се обидував да дознаам и тоа беше страшно. Комата не беше медицински предизвикана, туку во неа сум западнал поради оштетување на мозокот. По неколку минути решив да се вратам на спиење. Два месеци сон очигледно не беа доволни.

7. Халуцинирав дека сестра ми е мртва, преполовена, и ме тераа да легнам на нејзиното тело. Кога се разбудив, прво што прашав беше како умрела. Сите ме гледаа како да сум луд. Всушност многупати верував дека во креветот ми ставиле мртво тело. Уште еден сон што го имав беше со медицинските сестри кои ме завиткале во бетон. Бев парализиран, сигурно мојот мозко така го обработил тоа. Бев свесен дека луѓето разговараат со мене и дека се со мене, едноставно не можев да комуницирам, а мојот мозок се обработуваше во овој чуден свет на соништа.

Слични објави

„Зошто браќа?“: На Јелена Карлеуша откажан ѝ е настап во Црна Гора

еспресо

Џина Џиновиќ повеќе не може да молчи: Јавно се закани, хаос во вилата во Сењак

Еспресо

(Фото) Врелите фотки на Ена Попов го запалија интернетот: Пејачката го покажа телото во секси бикини

Еспресо

Наташа Беквалац ослабела 10 килограми: Пејачката откри кои намирници се дел од нејзиното мени

Еспресо

„Ете пак…“: Никола Роквиќ доживеа трогателен момент по патот кон Грција

Еспресо

Синовите на Лепа Брена имаат уште по едно име: Стефан го откри неговото вистинско име и на брат му

Еспресо
Се вчитува....