7.8 C
Скопје
01:39 - 21 октомври, 2026

Стинг ги откри тајните на вечната младост: Храна од бавча, тантрички секс и јога 

Легендарниот музичар изгледа неверојатно благодарение на макробиотската исхрана и секојдневната јога. Но, открива уште една мистерија за добра форма.

Стинг, 71-годишниот фронтмен на „Полис“, ја покажа својата затегната фигура кога излета на сцената во Скарборо минатиот викенд, како дел од неговата светска турнеја, оставајќи многумина да се прашуваат што прави пејачот за да ја одржи кондицијата. Облечен во тесна сива маичка која ги покажуваше неговите мускулести раце и фармерки, Стинг изгледаше неверојатно на сцената, а неговата возраст ја издаваа само брчките околу очите. Пејачот долги години внимава на исхраната и секојдневно се занимава со јога. Самиот открива дека неговата тајна за „продолжена младост“ е макробиотската исхрана, која е богата со зеленчук и житарки, не пие алкохол, избегнува токсини и преработена храна која содржи конзерванси. Исхраната му се базира на минимален внес на месо, млечни производи и шеќер.

Стинг и неговата сопруга, Труди Стајлер, го преселија своето семејство на фармата Лејк Хаус во Вилтшир уште во 1991 година и практикуваат исхрана „од бавча на трпеза“. Одгледуваат зеленчук, чуваат кокошки, а фармата има и езеро за пастрмка, па дури и свој пчеларник. Ужива во свесен пристап кон јадењето и верува дека „начинот на кој се однесуваме кон нашите тела е, пошироко, во согласност со начинот на кој се однесуваме кон планетата“. Музичарот е толку педантен во пристапот кон исхраната што на турнеја го носи својот личен готвач кој му ги подготвува вистинските оброци кога е отсутен од дома. Инаку, секојдневно практикува јога и плива, веќе 30 години последователно.

Но, тој открива и уште една интересна тајна за младоликост. Вели дека практикува тантрички секс. Според Стинг, практиката на тантра е начин како се поврзувате со вашиот партнер, што може да се случи во различни периоди во текот на денот, од начинот на кој го гледате партнерот, до бањање или масажа. „Идејата за тантрички секс е духовен чин. Не знам почист и подобар начин да изразам љубов кон друга личност отколку да ја споделам оваа прекрасна, како што јас ја нарекувам, мистерија“, објаснува музичарот.

 

Слични објави

(Фото) Внуката на Драгана Мирковиќ го слави својот прв роденден – замокот во Австрија е обоен во розова боја

Еспресо

Овие песни се посветени на Ксенија Пајчин — малкумина знаат дека познатиот пејач ѝ беше брат, а раперот беше лудо вљубен во неа

E.A.

Гога Секулиќ се сели од Србија со синот: Поранешниот сопруг ѝ помага околу преселбата

Еспресо

(Фото) Во страстен занес со 14 години помладиот сопруг – Гоца Тржан и Раша уживаат во зајдисонцето на Маврициус

Еспресо

Тату-артистот Горан Миќиќ за борбата со ракот: „Ме оперираа осум и пол часа, да не беше жена ми, ќе паднев во тешка депресија“

К.С.

Јована Јеремиќ најави шокантни информации за Каспер: „Мина не е единствената жртва, има и други!“

Еспресо
Се вчитува....