13:56 - 7 мај, 2026

Тејлор Свифт ги налути њујоркчани: „Се фокусира на турнејата со која ги банкротира фановите, а тротоарот пред нејзиниот стан плива во ѓубре“

Додека Тејлор Свифт – според најновите информации од американските медиуми – заработува над 13 милиони долари на вечер, благодарение на турнејата која е во тек (и која многу веројатно ќе стане турнеја со најголема заработка во музичката историја), нејзините сограѓани се бесни на односот на пејачката кон улицата на која живее.

Имено, Тејлор Свифт е издвоена како личност која не го одржува чист тротоарот, од страна на Санитарниот оддел во Њујорк, откако добила 32 пати казни во вредност од вкупно 3.010 долари.

Свифт купи трикатна градска куќа вредна 18 милиони долари во октомври во Њујорк.Но откако е таму преселена, на соседите им се крева косата поради нејзината немарност кон улицата, тротоарот и воопшто ѓубрето.

Помеѓу јануари 2018 и јануари 2023 година, инспекторите ѝ врачиле на пејачката бројни казни за неисчистување на предниот дел на зградата во која живее, како и за соодветно отстранување на ѓубрето и игнорирање на валканиот тротоар.

Свифт, која моментно собира многу пари од нејзината светска турнеја, во меѓувреме, решила да се избори со казните на тој начин што го дала Санитарниот оддел на суд за да ја оспори вистинитоста на казнените белешки.

„Со текот на годините, грозниот прилив на нечистотија вклучува купишта весници, шишиња и картони, салфетки и најлони, ; и „расфрлана содржина од пепелник и кутии цигари“, се вели во извештајот.

Шетач на кучиња што минува низ нејзината улица постојано зборува за игнорантниот однос на пејачката кон хигиената на улицата и тврди дека „не ѝ е грижа што го остава ѓубрето надвор“.

„Мислам дека е повеќе фокусирана на нејзината турнеја од милиони долари што ги банкротира сите нејзини фанови отколку за улицата на која живее“, објаснува шетачот на кучиња за американските медиуми.

Свифт ја купила градската куќа и ја реконструирала за да направи приватен влез во нејзиниот стан, а според медиумите, потрошила речиси 30 милиони долари на трите единици што ги поседува.

Инаку, Свифт е единствената која е одговорна да ја одржува чиста областа околу нејзиниот имот.

Менаџерите пак, ја бранат нивната пејачка и нејзиниот углед, тврдејќи дека „ѓубрето не е нејзино затоа што таа не ни пуши. „Веројатно фанови ја чекаат пред зградата и пушат додека им е здодевно“.

Слични објави

(Видео) Македонска инфлуенсерка живее на село: „Ова е новиот луксуз!“

Еспресо

Емина Јаховиќ за детството и скромниот живот: Мајка ми ставаше млеко и јогурт во замрзнувач за „црни денови“, доматите беа луксуз!

Т.Ц.

Која реченица најдобро го опишува секој хороскопски знак?

Т.Ц.

(Фото) Јелена Спенџарска ужива во Турција — водителката во топ форма ги воодушеви следбениците

Еспресо

(Видео) Внуката на Ана Бекута ја обожава својата баба – облече нејзин фустан стар 30 години

Т.Ц.

„Апсолутно ништо не ме интересираше, ми беше исто – и живот и смрт“: Дино Мерлин за борбата со тешката депресија

Т.Ц.
Се вчитува....