14:53 - 7 септември, 2026

(Фото) Српскиот пејач што го обожаваат Македонките откри дека планира свадба со Зорана

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ (39), кој често настапува во Македонија, проговори за својата осумгодишна врска со Зорана Тасовац. Миленикот на жените откри за „ИН Магазин“ дека наскоро планираат свадба.

„Па, Боже здравје, да. Ако ништо друго, ќе се оженам заради медиумите, само за да можат да кажат дека се оженил. Шегата настрана, со мојата подобра половина веќе со години знам дека тоа е тоа. За мене, сè не се сведува на парче хартија, туку најважна е емоцијата, почитта и љубовта што ја споделуваме еден со друг. Тоа нема да биде ништо гала ниту помпезно, знаете она 200-300 луѓе. Тоа не, некако сме малку поскромни во тој поглед“, рекол 39-годишната пејач.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa Kovacevic (@sashakovacevic)


Инаку, Зорана има 11-годишна ќерка Искра од првиот брак, која Ковачевиќ ја гледа како свое дете.

„Навистина ја сакам најмногу на светот. Секогаш велам дека таа е мое дете, не е биолошко и не можам јавно да зборувам за начинот на кој ја доживувам и како таа ме доживува мене, тоа е за нашите четири ѕида, но ако мора нешто најблаго да кажам, тоа е буквално дека таа е мое дете. Тоа е едноставно љубов. Мислам дека секогаш ќе биде моето прво дете, така да кажам.“

Популарниот пејач зборувал и за тоа како ја одржува својата линија.

„Тренирам од мои 15-16 години, а веќе 12-13 години вежбам во некаков суров режим, и тоа е нешто што станува дел од животот и стил на животот. И понатаму имам големи желби понекогаш да изедам нешто што е надвор од моето мени, но некако мислам дека дисциплината е клучот за сè во животот.“

 

Слични објави

Те барам во спомените и во секоја песна: Братот на загинатиот тапанар од „ДНК“ свиреше во чест на Ѓорѓи

Еспресо

Необичен но вкусен рецепт: Печени тиквички со леб

Т.Ц.

(Видео) Падна бакнеж меѓу Душко и Карлеуша: Емотивно ѝ се обрати, а таа не ги сокри солзите

Еспресо

Ќерките на Горан Бреговиќ ќе наследат империја од недвижности вредна повеќе од 35 милиони евра

Т.Ц.

5 совети кои треба да ги имате на ум кога купувате домати

Т.Ц.

Оделе во исто училиште, а не знаеле дека се брат и сестра: Марија Шерифовиќ како девојче дознала болна семејна тајна

Т.Ц.
Се вчитува....