09:41 - 8 ноември, 2026

Совети од Клиника „Жан Митрев“: Едноставно решавање на состојба на неспуштен тестис

Крипторхидизам е состојба при која тестисот се нема спуштено во скротумот, односно се наоѓа скриен во внатрешноста на телото. Ваквата состојба е вродена и една од најчестите кај машки деца.

Состојбата сама по себе не е многу ризична. Но, може да биде поврзана со неплодност. Поради поголемата топлина на телото во тој дел, постои можност неспуштениот тестис да атрофира и со тоа да се намали квалитетот и квантитетот на сперматозоидите. А постои и поголем ризик неспуштениот тестис да развие малигно заболување.

Важно е да се знае дека има начин за третман и лекување – хируршки и се нарекува орхидопексија.

Оперативната интервенција се состои од рез на ингвиналниот канал од каде што се бара тестисот, по негово целосно ослободување, се прави лежиште во скротумот и низ ингвиналниот канал се спушта и фиксира тестисот во скроталната ќеса за да не може повторно да се врати.

Ингвиналниот канал се реконструира со затворање на слоевите по природен распоред (метода по Феррари). Кожата се затвора со интадермални конци што не се вадат. Лузната е мала и по неколку месеци не се ни познава. По операција останува мало памукче на фиксираниот тестис, тоа најчесто се вади по три недели.

Идеално е оваа состојба да се реши пред пубертет. Но, секако, операцијата може да се направи и понатаму во кој било период од животот.

Оваа состојба во Клиника „Жан Митрев“ се третира од хирурзи уролози, д-р Горан Јовиќ, д-р Горан Балевски и д-р Виктор Грујевски.

За совети и препораки поврзани со оваа проблематика закажете преглед на 02/3091-484

Д-р Виктор Грујевски, специјализант по урологија

Комерцијален текст.

Слични објави

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova
Се вчитува....