16:55 - 10 ноември, 2026

Славчо Попоски: Значителен пад на температурите и дождови, проверете кога

– До крајот на оваа недела времето во Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Исто така денес, а особено во сабота доцна попладне, навечер и во текот на ноќта на повеќе места ќе има нови врнежи од дожд а локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Од недела, па во текот на следната седмица ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен и од северозападен правец, а температурите ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, што значи дека ќе следува ПОГОЛЕМО заладување на времето.

И во Скопје особено во сабота доцна попладне и во текот на ноќта кон недела ќе има врнежи од дожд а од недела ќе дува силен северозападен ветер а температурите позначително ќе опаѓаат. До сабота температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени, додека како што претходно кажавме потоа ЗНАЧИТЕЛНО ќе опаднат, вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.

Слични објави

Утре се отвора моќниот портал 11:11, ден за исполнување желби и нови почетоци — eве што треба да направите

К.С.

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.
Се вчитува....